Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонскиот јазик и идентитет не се на маса за преговори, Бугарија ја признава реалноста, но сака да зборува за историјата, вели Заев
Политика

Македонскиот јазик и идентитет не се на маса за преговори, Бугарија ја признава реалноста, но сака да зборува за историјата, вели Заев

ноември 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик. Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но сака да зборува за
историјата, за минатото и за корените“, изјави денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање дали ќе ги прифати бугарските барања во однос на македонскиот јазик.

„Тоа е работа прво на историчарите, политичар сум и политички ќе кажам. Корените, историјата на мојот народ и на мојот македонски јазик се исто мое суверено право и право на самоопределување. Бугарија е првата земја што ја призна сувереноста на Република Македонија тогаш, денешна Република Северна Македонија. Мене ми е драго што ја признават реалноста. Ја повикувам да ја признаат таа реалност јавно и
отворено, постоењето на Македонците и македонскиот јазик апсолутно не е против интересите на Бугарија“, рече премиерот.

Тој посочи дека признавајќи ја таа реалност, можеме да направиме исчекор кон градење на пријателството.

Во одговор на новинарско прашање дали смета оти интервјуто за бугарскиот медиум ќе помогне во преговорите со Софија, Заев вели дека сака да помогне на македонскиот народ, за перспективите на земјава.

„Сакам да му помогнам на мојот македонски народ, за да има други погледи на светот. Сакам да бидам одговорен политичар, кој не калкулира со својата политичка кариера, туку отвора перспективи за својот народ и за својата земја“, вели Заев, додавајќи оти тоа е европско лидерство и одговорност на самите политичари.

Верувам, рече премиерот, дека храбрите и принципиелни чекори зад коишто стојам и денеска ги потврдувам со сите мои изјави, отвораат перспективна иднина, а не непријателство и антагонизам, затворање во ровови, меѓусебна омраза и непријателство.

Заев повтори дека двете страни треба да направат се за да се дојде до решение со меѓусебно разбирање, со подавање рака, градење на пријателство да продолжи интеграцијата на целиот Балкан во ЕУ, заради тоа што тоа не е само наша аспирација и стратешка цел, тоа е аспирација и стратешка цел и на нашиот источен сосед, пријателска Република Бугарија.

актуелно бугарија идентитет македонски јазик преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.