Килијан Мбапе постигна три гола во финалето на Светското фудбалско првенство во Катар, но не ја освои шампионската титула.
Младиот Французин стана најдобар стрелец на турнирот со осум гола, а во историјата на светските првенства остана запишан како само четврти играч кој постигнал три или повеќе гола на натпревар, а неговиот тим загубил во нокаут фазата.
Мбапе после својот извонреден натпревар беше видно разочаран и истрошен. Камерите го фатија како седи сам на тревникот и плаче.
Но, набрзо од трибините слезе францускиот претседател, Емануел Макрон, и го прегрна најдобриот француски играч. Мбапе одигра фантастичен турнир и ја освои Златната копачка. На последните две светски првенства освои златен и сребрен медал. Во моментов тој е втор најскап фудбалер во светот, зад Ерлинг Халанд.
(Фото: ЕПА)







