Француското Народно собрание вчера го отфрли владиниот предлог-закон за миграција, што е удар за настојувањата на претседателот Емануел Макрон.
Пратениците од екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен, како и многу конзервативци, ги здружија силите за да го отфрлат законот.
Отфрлањето на предлогот не значи дека владата мора да отстапи, ниту пак сигнализира крај на законот за имиграција.
Владата сега може да одлучи да го врати назад во Горниот дом на парламентот, да го исрати до мешовита комисија составена од сенатори и пратеници за да се најде компромис или да го повлече, што е малку веројатно.
Исто така, може да искористи посебни извршни овластувања за да наметне закон без гласање.
Предлог-законот за имиграција е клучна точка во обидите на Макрон да покаже дека може да биде построг кон законот и редот и во исто време да ги држи вратите на Франција отворени за странски работници.
Но, бидејќи нема мнозинство во парламентот, тој не успеа да направи нацрт што ќе ги задоволи во левицата или десницата.
Владата предлог-законот го претстави како неопходен за полесно депортирање на странските криминалци.
Една одредба ја отстранува забраната за депортирање на оние мигранти кои во Франција пристигнале пред 13 години, како што беше случајот со исламистичкиот чеченски милитант роден во Русија, кој во октомври годинава уби наставник.
(Фото: Марин Лудович / АФП / Гети Имиџис)







