Францускиот претседател Емануел Макрон од понеделник ќе престојува во тридневна посета на Соединетите Аерикански Држави, а на американскиот претседате ќе му подари даб, како симбол на силата на односите меѓу двете земји.
Станува збор за даб од северот на Франција, а Макрон се надева дека ќе биде засаден во градината на Белата куќа како би ја симболизирало трајноста на пријателството, вели новинарот Крис Валас, кој неодамна во Елисејската палата направи интервју со Макрон, за Фокс њуз.
Макрон, открива Валас, во интервјуто вели дека соработува со Трамп затоа што „двајцата се во служба на своите земји“.
Францускиот претседател, сепак, не сакал да ги коментира извесните конроверзи кои го опкружуваат Трамп, пред се за истрагата за мешање на Русија во американските избори во 2016 година.
„Не е мое да судам, ниту да му објаснувам на американскиот народ каков треба да им биде претседателот“, вели Макрон.
Макрон, како што е најавено, во Вашингтон ќе биде примен од страна на Трамп со највисоки државни почести, а предвидено е, меѓу останатото, и обраќање на францускиот претседател во американскиот Конгрес, наведува „Фигаро“.







