Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мандатот на Груевски не е пречка тој да оди во затвор
Во Фокусот

Мандатот на Груевски не е пречка тој да оди во затвор

октомври 31, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дали Собранието треба да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски или да констатира негов престанок? Адвокатот Драган Малиновски смета дека се исполнети условите за „престанок на мандатот“.Многу забуни се создадоа во јавноста околу собраниската процедура за одземање на пратенички мандат и почеток на издржување затворска казна. Правниците велат дека неодземањето на пратеничкиот мандат не е пречка за издржување казна затвор.

„Се прави фама дали ќе имало двотретинско мнозинство што ќе гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. И да нема двотретинско мнозинство, тоа не е пречка за почеток на издржување на затворската казна“, објаснува адвокатот Александар Тортевски.

Забуната најчесто произлегува од мешањето на категориите „пратенички мандат“ и „пратенички имунитет“. Што е разликата? Неповредливоста на пратеникот (процедурален имунитет) се однесува на кривичните дела сторени надвор од претставничкото тело. Тој вид имунитет не значи дека против пратеникот не може да биде покрената постапка за утврдување на кривична одговорност, или дека пратеникот не може да биде осуден за кривично дело. Процедуралниот имунитет значи само неможност пратеникот да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Ако Собранието не одобри притвор, пратеникот ќе биде веднаш пуштен на слобода, дури и ако пратеникот не се повикал на имунитет.

Членот 65 од Уставот е јасен!

Во случај со пратеничкиот мандат, ситуацијата е поинаква. Законот предвидува две опции: „престанување“ и „одземање“ на мандатот. На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, по неколку основи: ако поднесе оставка; ако е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години; ако настапи случај на неспоивост со функцијата пратеник; ако му престане државјанството на Република Македонија; ако со правосилно решение биде лишен од деловната способност, и во случај на смрт. Од друга страна, на пратеникот може да му биде одземен мандатот, кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци.

Барањето за одземање на мандатот на Груевски во парламентот сега се бара заради „осуда за кривично дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник“.

Адвокатот Драган Малиновски има дилеми дали е тоа вистинската основа по која треба да постапува Собранието. Тој смета дека Собранието треба да констатира престанување на мандатот на Груевски, а не да води постапка за одземање.

„Членот 65 од Уставот вели дека ‘на пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години’. Значи, не според тоа колку години затворска казна некој добил (Груевски две), туку ако е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Други обвинети во овој случај добија и повеќе од пет години затворска казна. Кога го велам ова, го имам предвид и членот 23 од Кривичниот законик: ‘Тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот’, со што поттикнувачот и сторителот на делото се изедначени во санкциите. Од тие причини, сметам дека Собранието треба само да констатира престанок на неговиот мандат, а не да пристапува кон гласање за одземање на мандатот поради недостојност за извршување на функцијата пратеник“, објаснува Малиновски.

Тест за вмровците

Доколку парламентот остане на варијантата „одземање на мандатот“ и не обезбеди двотретинско мнозинство за тоа, Груевски сепак ќе мора да оди на издржување на казната затвор. Во таков случај, по шест месеци отсуство, Собранието само ќе го констатира престанокот на неговиот пратенички мандат. Во таков случај, согласно листата на ВМРО-ДПМНЕ од последните парламентарни избори, пратеничкото место на Груевски ќе го заземе Ѓорги Камчев. Дали тоа ќе биде по половина година или до крајот на месецов, зависи од тоа дали Собранието ќе ги разгледа овие правнички сугестии за основа за престанок на мандатот, или ќе остане на варијантата да гласа за негово одземање. Во вториот случај, имањето или немање двотретинско мнозинство ќе биде одраз единствено на актуелните внатрешни превирања во опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на односот кон поранешниот, а сега почесен претседател, Никола Груевски, за кои многумина тврдат дека и натаму ги влече сите конци во партијата.

На таков тест пратениците ќе бидат во време кога партијата се соочува со нови осипувања од партиските тела. Поради несогласување со политиката на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Даниела Рангелова, вчера поднесе оставка на функцијата претседателката на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, со која по автоматизам беше и член на Извршниот комитет. Веднаш потоа оставки си поднесоа генералната секретарка и потпретседателката нa Унијата, пратеничките Лилјана Затуровска и Лилјана Кузмановска. Четвртата која доцна синоќа поднесе оставка на функцијата е Ирена Тодороска, претседателката на Комисијата за труд и социјална политика и потсекретар во секретаријатот на Унијата на жени. Но, вчерашната бура не заврши со тоа. Неодамна разрешниот потпретседател на партијата, Митко Јанчев, синоќа не стигна да учествува во емисијата „Отворено“ на ТВ „24“, како што соопшти, поради смртните закани што ги добиле тој и членовите на неговото семејство.

ИЗВОР: ДВ

актуелно груевски затвор мандат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.