Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МАНУ доби нова опрема за генетско испитување
Македонија

МАНУ доби нова опрема за генетско испитување

декември 11, 2023Updated:декември 11, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Денеска во МАНУ беше презентирана нова апаратура за генетско испитување, а беа промовирани и резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.

На настанот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Ковачевски рече дека набавката на новата опрема за потребите на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов“ е помогната со буџетска поддршка од над 580 илјади евра.

Опремата е во функција и на едукативната дејност во рамките на постдипломските студии, специјализации и докторски студии од областа на молекуларната биологија и генетското инженерство.

„Она што сакам да го истакнам овде, е дека ги препознаваме вредностите на оваа наша врвна научна установа и сите наши научни институции и затоа преземаме конкретни чекори за финансиска поддршка за нивен развој. Јас, заедно со министрите и со почитуваниот академик имавме можност да се запознаеме и со научните соработници кои работат со оваа нова опрема и коишто анализите кои ги прават се на истоветно ниво, врвно светско ниво како кога би се правеле во Германија, Франција, Италија или која било друга развиена држава. Затоа, тие заслужуваат едно највисоко ниво на почит од државата, а особено од оние на кои им имаат помогнато во текот на здравствени предизвици кои ги имале во своите животи“, рече Ковачевски.

Истражувачкиот центар на МАНУ е најголемата и најзначајната институција во државата во полето на молекуларната генетика што има стекнато широка меѓународна препознатливост, рече министерот за здравство Меџити.

„Оваа институција заедно со нејзините еминентни експерти, со помош на оваа нова опрема, значително ќе ја зајакне работата и ќе допринесе за огромен напредок во работењето на МАНУ. Сега со помош на најмодерната и најсофистицирана опрема, резултатите од направените истражувања ќе бидат готови за еден ден со што значително се подигнува квалитетот на работата на Академијата“, истакна министерот Меџити.

Од голема важност за пациентите, според него, е и можноста за дијагноза со секвенционирање на гени на наследни и малигни болести, меѓу кои и ретки болести во лабораторијата на МАНУ.

Академијата за здравствениот сектор придонесува и помага во рана детекција на болестите, што за лекарите значи можност за побрза реакција во поглед на методите на лекување, додаде министерот за здравство.

 

 

(Фото: Влада на РСМ)

актуелно генетско испитување МАНУ опрема
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.