Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Манчевски: Загрижени сме за капацитетот за преговори со ЕУ
Македонија

Манчевски: Загрижени сме за капацитетот за преговори со ЕУ

април 12, 2019Updated:април 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, апелира до сите чинители во или надвор од јавната администрација да се вклучат во претстојниот преговарачки процес со ЕУ и вели дека Владата е загрижена дали државата има доволен капацитет за овој потфат.

Најдоцна до средината на мај, Владата треба да објави нов предлог, вели Манчевски за преговарачката структура кој предвидува ангажман на „високо квалификувани експерти“ од надвор од институциите.

„Испраќам апел до сите граѓани, експерти, луѓе кои работат во невладин сектор, во приватни компании, да размислат да се вклучат во овој процес. Ни требаат сите можни ресурси, ние ги немаме многу, вели министерот и додава дека иако за сега нема проблеми во однос на подготвителниот скрининг, Владата е “сериозно загрижена“ за следните покрупни фази од преговарачкиот процес.

Запрашан зошто Владата се фокусира на барање експерти од надвор кога, според експертите, тие ги има во администрацијата, Манчевски вели дека не знае од каде се тие информации, но дека апелот е насочен кон сите чинители, во и вон државните структури.

„Кога зборам за мотивација на луѓе да се нафатат за оваа работа, не е само за луѓе од надвор, кога зборуваме за преговарачка структура, зборуваме за еден пакет од луѓе од внатре прво, но зборуваме дека ќе треба и дополнителен капацитет, може и од некоја друга институција да дојде.

Манчевски додава дека „она што е исто така проблем, а јавноста не е многу свесна е дека иако бројот на вработени во јавниот сектор е прилично голем, вистинската јавна администрација, а тоа се 128 институции на централната власт, таму има едвај 16 илјади луѓе вкупно вработени“.

„Од кои во министерствата, каде што е главниот товар на преговори, скрининг, реформи, итн., се едвај над четири илјади. Апелирам до тие што се разотишле од било која причина да размислат да се вратат откако ќе добијат конкретна концептна понуда. Затоа апелирам до нив, а концептот ќе го понудиме до средината на мај, нагласува министерот.

Што се однесува до неговата одговорност во добивање на датум за преговори, односно реформа на јавната администрација, Манчевски верува дека новиот закон за висока раководна служба ќе направи квалитативна разлика во департизацијата на јавната администрација. Овој закон предвидува процесот на избор за раководните функции да се врши по модел сличен на оној со антикорупциската комисија.

За овој предлог ќе има уште најмалку една дебата, во која е важно да се вклучат партиите во Собранието. Комисијата за избор на висока раководна служба ќе ја бира Собранието, ќе поставува „високи критериуми“ за кандидатите раководители и ќе ги формира одборите за избор на директори, одбор со разновиден и променлив експертски состав, чија улога ќе биде да ги проценува кандидатите за директори и на политичарот кој треба да бира раководител да му достават список на тројца најдобри кандидати меѓу кои тој ќе мора да избере еден.

„Од раководителите почнува сѐ, не може да партизира тој што е на најниско ниво. Менаџерите треба да бидат отпорни. Јас да отидам некому да му речам ова треба да го направиш, тој треба да ми рече не. И за тоа треба да ги најдеме вистинските луѓе, тоа ќе биде најдобриот одбранбен механизам, луѓе со огромен пред сѐ личен интегритет, како што имаме позитивен пример со антикорупциска, вели Манчевски.

Добрата вест од посетата на Манчевски на Брисел е потврдата од ЕУ дека со потпишувањето на договорите за укинување на цените на роамингот во регионот, се отвора патот за нивно укинување и со сите земји на ЕУ, до крајот на 2021 година.

За потсетување, шесте земји од регионот потпишаа договор за постепено намалување на цените на роамингот од ова лето сѐ до нивно целосно укинување на први јули 2021. Паралелно со тоа, Македонија има билатерален договор со Грција по ист модел, намалувањето на цените би требало, според министерот, да биде и позначајно со Грција, а се работи на сличен договор со Бугарија.

„Очекувањата за укинувањето на цените на роамингот со ЕУ се да биде во текот на 2021 година. Договорот беше предуслов, сега влегуваме во директни преговори со ЕК,  но имаме сигнали дека се спремни на слична динамика, со оглед на тоа што операторите што пружаат услуги на Западен Балкан се реално оператори од земји на ЕУ, а тие се веќе прилагодени, така што нема да оди тешко таа процедура, изјави Манчевски.

актуелно ЕУ капациетт преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.