Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Манчевски: Тој што не работи нема што да бара во администрацијата
Македонија

Манчевски: Тој што не работи нема што да бара во администрацијата

ноември 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со буџетот за следната година е предвидено зголемување платите на вработените во администрацијата за пет проценти, ќе има и нови вработувања, но тие секако ќе треба да го следат трендот на излез на администрацијата. Имаме превработеност во администрацијата, но и недостаток од професионален кадар. За тоа мора да најдеме решение со мерки и политики кои ќе не доведат до тоа.

Тоа го изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, коментирајќи го повисокиот износ во  буџетот за плати и нови вработувања во администрацијата и најавите за реформи на администрацијата.

На крај на следната година ќе има понуда до дел од вработените во администрацијата да заминат во приватниот сектор, а тоа, според Манчевски, ќе биде доброволно за тие што ќе ги прифатат критериумите.

Ќе дадеме, најави Манчевски,  поголема плата, но и ќе бараме многу повеќе работа. Администрацијата мора да стане ефикасна служба на граѓаните и се додека граѓаните не го сменат мислењето за администрацијата имаме проблем, нагласи Манчевски, укажувајќи дека тоа ќе се направи со дигитализација на процесите и со реорганизација.

„За оној кој не работи нема потреба да зборуваме за реформа.Тој што не работи едноставно нема што да бара, нагласи Манчевски.

Критериумите според кои се утврдува квалитетот на работата на административните  рабнотници се утврдени во одредбите на Законот за административни службеници. За тој Закон, и за Законот за вработени во јавниот сектор на почетокот на следната година ќе биде отворена дебата за измени, но тие, според Манчевски, не се во насока на постапките за утврдување на квалитетот на работата на административците.

Пеце Груевски, претседател на Синдикатот на вработените  во управата и правосудните органи, вели дека во поглед на изјавите околу наводниот вишок на јавната администрација како Синдикат се малку затекнати бидејќи во првичните преговори со новата Влада и од јавните изјави на ресорниот министер  и на премиерот им било кажано дека ниту еден јавен службеник од јавната  администрација нема да биде отпуштен од работа.

Според Груевски, Синдикатот на УПОЗ досега нема информации дека некој од членството сака да премине во реалниот сектор.  – Ќе бидеме во тек со овој процес и се надевам дека ќе имаме коректни разговори со ресорното Министерство бидејќи искуствата покажуваат оти реформите на јавната администрација се прават повеќе години и во исклучителна соработка со  Синдикатот. За нас како Синдикат и она што можеме да влијаеме е првин да се избориме за правата на нашите членови и за секој вработен да има социјална сигурност односно да го задржи работното место, изјави  Груевски.

Како што вели, не знае дали администрацијата е преобемна, но во секојдневното работење се соочиле со укажувања од членството дека четири шалтери опслужуваат 2000 граѓани.

„Имаме коректни  преговори досега во поглед на потпишување на колективниот договор и се надевам дека во натамошната постапка ќе бидеме вклучени, но како Синдикат  во однос на натамошната постапка околу вишокот работници ќе се залагаме исклучиво членовите на Синдикатот да  ги зачуваат своите рабтни места.

„Со сите законски решенија кои ќе се нудат се залагаме за подобри права на административните службеници, дури и за оние кои не се членови би требало да се заложиме за социјална сигурност или задржување на работното место ако не во таа институција во некоја соодветна, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања пред јавната расправа за новините во Законот за инспекциски надзор.

администрација актуелно влада манчевски Синдикат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.