Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, денеска, запрашан дали повторно би прифатил да биде селектор на репрезентацијата, одговори потврдно.
Аргентина го заврши натпреварувањето во осминафиналето на Светското првенство во Русија, со пораз од Франција од 3:4.
„Да, дури би работел бесплатно. Не би барал ништо за возврат“, изјави Марадона за венецуелска телевизија.
Марадона како селектор ја предводеше Аргентина на Мундијалот во 2010 година, кога неговата екипа во четвртфиналето загуби од Германија со 4:0. Тој тогаш беше тренер во два клуба во Обединетите Арапски Емирати.
Марадона, кој како играч ја предводеше Аргентина до триумфот на Мундијалот во 1986 година, предизвика бројни коментари во текот на Светското првенство во Русија, затоа што еуфорично ги прославуваше головите, плачеше кога „гаучосите“ ќе примеа гол и покажуваше среден прст на противничките фудбалери.
Аргентина минатиот вторник ја победи Нигерија со 2:1 со гол на Маркос Рох во 86 минута, а на Марадона му се слоши на полувремето, па лекарите му укажуваа помош во ложата.
„Луѓето мислат дека сум среќен, но тешко ми е во срцето. Се чуствувам лошо затоа што, се што градевме со толку труд, лесно е уништено“, наведе поранешниот фудбалер на Бока Јуниорс и Наполи.
Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, има договор со Фудбалскиот сојуз до 2022 година.







