Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Маричиќ: Да извршевме предавство, немаше да имаме вето од Бугарија
Македонија

Маричиќ: Да извршевме предавство, немаше да имаме вето од Бугарија

јуни 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Искрената битка е да се зачува идентитетот и истовремено да станеме членка на НАТО и ЕУ, тоа го прави оваа влада. Да имаше предавство немаше да имаме вето од Бугарија денес. Нема никакво предавство, точно ги знаеме црвените линии и затоа Бугарија не блокира.

Ова вечерва го истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда Бојан Маричиќ во дебата со Влатко Ѓорчев од ВМРОДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

„Политичка храброст значи да направите тешки комромиси за доброто на граѓаните. Единствена храброст во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше споменикот на Александар Македонски, но немаа храброст ни да го наречат Александар Македонски. Мислеа дека тоа е начин да се одбранат македонските национални интереси, рече Маричиќ.

Тој додаде дека поради политиката и неуспешноста на ВМРО-ДПМНЕ во 2008 да го реши проблемот со Грција, мораше под полоши услови да се преговара.

„Со предупредувања за замислени предавства, ВМРО-ДПМНЕ 11 години не
правеше ништо за да ги реши политичките прашања со соседите.

Политичката храброст на оваа власт и премиерот Заев е ценета во целиот свет, рече Маричиќ.

Тој рече дека Бугарија не блокира бидејќи ЕУ сакаше да го преведе целото  европско законодавство на македонски јазик. -Причината за реакцијата на Бугарија е предлогот на ЕУ целото европско законодавство да се преведе на македонски јазик. Тоа беше нашата битка, интерес на Северна Македонија и наша победа во тој момент. Тоа беше причина Бугарија да ја издаде декларацијата во Собранието, рече Маричиќ.

Маричиќ рече дека опозициската партија знае да понуди само лажни вести, блокади и бојкот и затоа нивната поддршка опаѓа. -ВМРО-ДПМНЕ ја остави Македонија како заробена држава, потврдено во европските извештаи. Во последните четири години сите извештаи се позитивни и сите препораки се чисти за почеток на преговорите.

Јасно е дека поради билатералниот проблем со Бугарија не можеме да ги почнеме
преговорите, рече Маричиќ.

Тој додаде дека по доаѓањето на власт на СДСМ биле потребни шест месеци за воспоствување на комуникацијата со европските и светските земји и институции. -Од сите адреси низ Европа и Светот ни кажааа дека биле лажени со години за состојбата во државата и желбата да се решат споровите. Ние тргнавме да ја извлекуваме државата од калта на ВМРОДПМНЕ и ја направивме членка на НАТО. Знаевме под кои услови можевме да станеме членка на НАТО, нагласи Маричиќ. Тој додаде дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик никогаш не биле на маса, дури ни во преговорите со Грција.

Маричиќ смета дека за сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почитуваме идентитетот и достоинството. – Сметам дека за сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почитуваме идентитетот и достоинството на двата народа. Можам да ви кажам дека прашањето на посебноста на македонскиот јазик и посебноста на македонскиот идентитет во ниту еден момент не биле предмет на преговори, ниту ќе бидат, рече Маричиќ.

„Португалскиот предлог е основа за наоѓање на решение со Бугарија. Во него има прилично конкретни формулации кои можеби не ни се допаѓаат на прв поглед, но се добри како компромис за да се утврди дека постои различно мислење во двете држави и кај двете народи по одредени прашања, но и механизам за надминување на тие прашања, рече Маричиќ. Тој додаде дека очекуваат формирање на влада во Бугарија која ќе биде кредибилен политички партнер со кој ќе може да се воспостави контакт за дијалог.

Во дебатата Маричиќ кажа дека опозициската партија во 11 години на власт испорача изолација и сиромаштија и држава од која сите сакаат да заминат.

актуелно бугарија вето маричик
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.