Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Маричиќ: Рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на здравјето
Македонија

Маричиќ: Рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на здравјето

октомври 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на јавното здравје. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките кои се досега дадени, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза“, изјави министерот за правда Бојан Мариќ на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа на тема „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права“.

„Заедно со останатите држави и Северна Македонија прави максимални напори да го заштити јавното здравје и да балансира помеѓу рестриктивните мерки и економско-социјалните последици.Сепак, водилка во одлуките за заштита на човековото здравје и одлуките за справувањето со пандемијата треба да биде светото тројство: владеењето на правото, демократијата и човековите права“, потенцираше Мариќ.

Како една од најтешките одлуки на претходната Влада, Маричиќ истакна дека било прогласувањето на вонредната состојба и дерогација на човековите права утврдени во Уставот и Европската конвенција за човековите права и воведувањето на рестриктивните мерки.

„Соочени со „непознатото”, корона вирусот ја наметна потребата од тоа во голем број на држави да се воведат рестриктивни мерки, кои пред се се однесуваат и ги засегаат човековите права. Повторно, Северна Македонија не беше исклучок и во периодор на техничка влада, се соочивме со една од најсмелите одлуки, а тоа беше да прогласиме вонредна состојба за справување со последиците од пандемијата: здравствени и економски“, истакна Маричиќ.

Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати во своето обраќање на Форумот, нагласи дека пандемијата нè потсети сите нас дека зачувувањето на животот и здравјето беа крајна цел на сите земји во светот и дека владите мораа да дејствуваат брзо и на кредибилен начин, притоа почитувајќи ги човековите права и слободи и владеењето на правото.

„Сепак, неоспорен факт е дека и покрај тоа што Форумот се одржува на повеќе локации, во нова реалност, тој е исклучително влијателен настан каде има можност да се разменат знаења и искуства со претставници на највисоките судски инстанци од целиот регион, со судиите од Европскиот суд за човекови права и со останатите претставници на правната фела заради постигнување на „фер-баланс“ помеѓу заштитата на здравјето, социјалните и економските нарушувања и заштитата на
човековите права согласно националното право и Европската Конвенција за човекови права“, истакна Мурати.

Од име на амбасадите на Велика Британија и на Холандија на учесниците на настанот им се обрати и британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која рече дека нивната заложба за поддршка на реформите во Северна Македонија останува силна.

„Северна Македонија успешно ја следеше реформската патека во секторот правда, со усвојување и измена на клучното законодавство во согласност со препораките на Советот на Европа и европските стандарди. Овие напори сега треба да се прошират со посветена и ефективна имплементација, што ќе ја зајакне заштитата на човековите
права и ќе ја врати довербата на јавноста во правдата“, нагласи Галовеј.

Претставниците на Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа и на правосудните институции во седум земји на југоисточна Европа се собраа на 7.

Регионален форум за владеење на правото во југоисточна Европа, којшто се одржува на 16-17 октомври за да дискутираат за КОВИД-19 и правата заштитени со Европската
конвенција за човекови права.

Поранешните и актуелните судии на Европскиот суд за човекови права кои учествуваа на централната конференција разговараат за правата од Европската конвенција за човекови права кои се засегнати со пандемијата, нивната заштита и за ситуацијата на Западниот Балкан.

Истовремено, претседателите и судиите на врховните и на уставните судови од седум држави на Југоисточна Европа се собраа во националните работни центри во главните градови–Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје, Тирана и Загреб.

Тие учествуваат на настан преку видео линк, заедно со националните омбудсмани (народни правобранители), владините агенти пред Судот во Стразбур, претставниците на правосудните академии и центрите за обуки во правосудството, факултетите, невладините организации и правните професионалци.

На централната конференција одржана во регионот на Стразбур, присуствуваше и претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано.

Отворајќи го Форумот, Спано рече дека владеењето на правото е „инхерентно за сите членови на Конвенцијата“, каков што став постојано зазема Судот.

„Тоа е „ѕвезда-водилка“ на Конвенцијата. Тоа претставува правна и морална основа на работата на Судот, заедно со фундаменталните начела на демократијата и човековото достоинство“, додаде Спано.

Учесниците на настанот беа исто така поздравени и од страна на комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, која рече дека здравствената криза ги разоткри и ги влоши долго време присутните нееднаквости во уживањето на човековите права.

„Крајно време е да се премостат овие јазови и да се зајакне моќта на човековите права како делотворен противотров за општеството во целина. Тоа вклучува поддржување на транспарентноста и достапноста на информациите, одржување на механизми за делотворна заштита и препознавање на потребата од единство, солидарност и соработка, како национално, така и меѓународно“, истакна Мијатовиќ.

Форумот за владеење на правото во Југоисточна Европа претставува еден од најважните годишни настани за претставниците на правосудството, правниците и претставниците на невладините организации од регионот.

Неговата цел е да го промовира спроведувањето на Европската конвенција за човековите права на државно ниво, да ја поттикне регионалната соработка во насока на континуиран развивање на владеењето на правото, како и да ги потпомогне напорите на земјите од регионот за интегрирање во Европската Унија.

актуелно Маричиќ рестриктивни мерки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.