Приврзаници на Доналд Трамп се собраа денеска во Вашингтон на повик на американскиот претседател во заминување кој ја закажа средбата „Да ја спасиме Америка“ заради изборните резултати за кои тимот на Трамп тврди дека се нерегуларни.
Во исто време, Конгресот во Вашингтон денеска треба да го потврди изборот на новиот претседател на САД.
Двата дома на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом, ќе ги разгледаат на седница резултатите од електорскиот колеџ, кој одлучи дека победник на претседателските избори е кандидатот на демократите Џозеф Бајден.
Според официјалните резултати, Бајден собра 306, наспроти 232 електорски гласови на републиканецот Доналд Трамп.
Повеќе републикански сенатори најавија дека денес на седницата на Конгресот ќе се обидат да ја оспорат одлуката на изборната комисија.
(Фото: ЕПА)







