Осум лица се убиени во две одвоени престрелки во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго. Неколку часови подоцна осомничениот се самоубил со пиштол откако полицијата го пронашла и го опколила, извести Си-Ен-Ен.
„Мотивот за убиствата сеуште не е познат. Засега се знае само дека осомничениот ги познавал жртвите“, истакнале полициски службеници во изјава за медиумите.
Како сомнителен за наведените злодела полицијата го идентификувала 23-годишното момче, Ромео Ненси, по што властите во американската сојузна држава Илиноис покренаа потрага по него.
Бил пронајден во Тексас, веројатно обидувајќи се да се скрие или да стигне до границата со Мексико.
Првата жртва, 28-годишен маж со потекло од Нигерија, кој живеел во САД во последните три години, бил застрелан од осомничениот во неделата попладне.
Следното утро, полициските службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата преку патот, со што бројот на жртви се искачи на осум.
За седум убиени лица полицијата смета дека се членови на исто семејство.
Во пукањето е ранета и 42-годишна жена, но таа не била поврзана со другите жртви.
„Полицаец сум веќе 29 години. Ова е веројатно најлошото злосторство што сум го видел“, изјавил шефот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс.
(Фото: Тајфун Чоскун / Анадолу-АФП)







