Во вооружен инцидент во Сан Диего убиени се пет членови на едно семејство.
Според првите информации, убиени се маж (31) и жена (29) и трите нивни деца на возрас од 3, 5 и 9 години.
Лицето кое се јавило во полицијата не зборувало ништо на телефон, но во позадината се случала расправија.
Полицијата веднаш тргнала кон местото на настанот, а во меѓувреме следел уште еден повик за помош од соседите. Тогаш се слушнале и истрели.
Истрагата е во тек.







