Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МАСИТ бара Пендаровски да биде промотор на ИКТ индустријата
Економија

МАСИТ бара Пендаровски да биде промотор на ИКТ индустријата

август 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заживување на економската дипломатија, технолошки парк, работни средби со амбасадори во нашата земја, промоција на ИКТ секторот во странство, образовни промени за потребите на ИКТ секторот, заложба за стратешка помош, регулаторна
предвидливост за сериозни долгорочни инвестиции, измени и унапредување на даночната политика за ИКТ индустријата, како една од водечките гранки во државата, што треба да биде во фокусот на националната, економската и општествената политика.

Ова се дел од барањата на Стопанската комора на информатички и комјутерски технологии МАСИТ на денешната работна средба со претседателот на државата Стево Пендаровски на која дискутираа за состојбите и потенцијалите на ИКТ индустријата.

Претседателот Пендаровски истакна дека соработката и поддршката на ИТ секторот во земјава е од особено значење, бидејќи како што рече, дигитализацијата го движи светот, ги диктира и останатите глобални трендови и ние мора да се прилагодуваме.

„Една од програмите на која ќе дадеме институционална поддршка е партнерството со Британската амбасада, Националниот младински совет и МАСИТ за отворање и работа на МЛАДИХAБ, кој ќе биде сместен во Канцеларијата на претседателот, просторот кој се наоѓа во центарот на Скопје. Со поддршка на оваа програма се надевам дека ќе создадеме мотивирачка средина дека и младите кај нас ќе имаат шанса за успех“,
потенцираше меѓу другото претседателот Пендаровски, додавајќи дека ваквите средби треба да прераснат во пракса.

Според него, ако нашата држава не стане членка на НАТО перцепцијата за стабилноста кај нас и за можноста од вложувања, па и во вашиот сектор, истакна, драстично ќе се намали. Во однос на ЕУ, оцени дека е потребно во преговорите, барем во половина од поглавјата, да бидат вклучени и претставници на ИКТ секторот.

„Сакам да направам стратешки документ, со работен наслов „Северна Македонија 20/30“. Тука ќе треба конкретни заклучоци, а не кабинетски анализи, кои понатаму никој нема да ги гледа. Во тие тимови, кои на крајот од летово ги оформуваме по различни сектори, би морало да има и луѓе од вашиот сектор. Во 2030 година Северна Макеоднија јас ја замислувам како дигитална држава пред се“, информира Пендаровски.

Во однос на неговата директна надлежност односно во делот на потпишувањето на укази за законите, Пендаровски им порача секогаш кога ќе има драфт верзија на закон, а не е добар за нив, да алармираат, да аргументираат, за да може навремено тоа да се измени.

Од МАСИТ нагласија дека во моментот се ‘рбетот на стопанството и преку нивната гранка може да се стопира одливот на високо квалификуваните интелектуални кадри надвор од државата.

Во моментот вработените во ИТ секторот се најплатени во државата, истакна меѓу другото во кратката презентација Анита Никова Бундовски, извршен директор на МАСИТ, осврнувајќи се на проектите на кои работат, пред се во однос на дигиталните вештини за младите.

Бројот на вработени во ИКТ индустријата постојано расте, посочи, во 2017 година имало 13 илјади, а веќе 14.500 во 2018 година.

Според неа, има пораст и во вкупните приходи, во 2017 година имало околу 780 милиони евра вкупен приход, додека 2018 година на ниво на ИКТ секторот 862 милиони евра.

Тоа претставува, подвлече Никова, една од најбрзо растечките индустрии во
државата.

„Просечните приходи по вработен во државата се 15 илјади евра годишно, додека во ИКТ индустријата просечни приходи по вработен се скоро 60 илјади евра. Разликата е навистина голема и токму заради тоа треба да се инвестира во ИКТ индустрија“, рече Никова, додавајќи дека во моментот просечната плата во ИКТ индустријата е 59 илјади денари, додека телеком секторот е 38 илјади денари.

актуелно ИКТ индустријата МАСИТ пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.