Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мас: Заев покажа политичка храброст
Македонија

Мас: Заев покажа политичка храброст

ноември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Зоран Заев имаше политичка храброст да појде по патот на компромисот, мирот и пред се на заемната почит, и стана двигател на надеж на една цела генерација на која и беше доста постојано да се занимава со национализам и со една политика која беше конфронтирачка и насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на цеременијата во Берлин на која на македонскиот премиер му беше доделена наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Мас потсети дека мандатот на Заев почна со страшно сценарио кога приврзаниците на една влада во заминување јуришаа на парламентот, каде маскирани напаѓачи со столици напаѓаа пратенци, се тепаа новинари и владеше хаос.

-Неговите претходници реагираа со насилство, премиерот во заминување зборуваше за пуч. Новите избори од кои тој излезе како победник, беа резултат на тн. шарена револуција. Заев стана двигател на надеж на една цела генерација на која и беше доста постојано да се бави со национализам и со една политика која беше конфронтирачка и насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината, рече Мас.

Кажа и дека Заев придонел за зајакнување на правната држава, се бори за незвисно судство, против корупцијата, за враќање на демократијата.

– 27 години тлееше спорот за името помеѓу Грција и Северна Македонија и ја блокираше евроатлантската интеграција на земјата.

Тогашните министри за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров минува ноќи во преговори и ние постојано бевме во блиски контакти. Кога на 17 јуни се ракувавте на Преспанското езеро со Алексис Ципрас покажавте дека успеавте да појдете по патот на компромисот, мирот и пред се на заемната почит. Од 2019 година земјата носи ново име и за тоа Заев внатрешно политички мораше да издржи силен отпор.

Особено бурно стана кога приближувањето кон ЕУ сепак не беше толку бргу како што имаше надежи и се чинеше дека долгиот пат кон Европа ќе стане уште подолг. Прими противудари, но не допушти да застрани од патот, каша шефот на германската дипломатија зборувајќи за постигнувањата на македонскиот премиер.

Првите плодови од таа политичка храброст, како што наведе Мас, Македонците ги добија во март оваа година кога С Македонија беше примена во НАТО како 30 сојузник, што беше голем голем чекор за  земјата, но и за безбедноста на целиот регион на Западниот Балкан.

– И во март ЕУ конечно даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Покрај Преспанскиот договор исто така треба да се спомне и Договорот за добрососедство со Бугарија кој беше потпишан во 2017 година. Добар знак е дека Бугарија и С Македонија како соседи оваа  година заедно го презедоа претседателството со Берлинскиот процес. На Самитот којшто заеднички го организираа минатата недела се постигнаа важни резултати како создавање заеднички регионален пазар , проект од огромно значење, истакна Мас.

Посочи дека во моментов се водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција. Рече дека Берлин ќе направи се што е во негова моќ пристапните преговори со Северна Македонија да почнат до крајот на годинава за време на германското претседавање со ЕУ.

Хајко Мас на почетокот потсети и дека Заев е еден од последните што го видел пред да отиде во карантин по средбата во Берлин пред две недели со министерите Бујар Османи и Никола Димитров и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на која се бараа решенија за отворање на пристапните преговори и за барањата на Бугарија.

актуелно Заев мас политичка храброст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.