Американскиот глумец и оскаровец Махершала Али за интернет-емисијата „Мајнд пауер микстејп“ раскажа како во 2008 година од религиски причини одбил да сними секссцена за потребите на филмот „Занимливиот случај на Бенџамин Батон“.
Партнерка во тој филм, што беше номиниран и за неколку Оскари, му беше Тараџи Хенсон.
– Tака, мојот стар агент ми се јави и ми рече: „Махершала, ja доби улогата“. Јас си велам – „Има само една работа… Таа една сцена, каде што се бакнуваат… Ако има и сцена со секс, јас не можам да го сторам тоа, раскажува Али.
Глумецот е роден 1974 година, како Махершалалхашбаз Гилмор, во христијанско семејство, но 2000 година тој прејде во ислам. Веќе седум години е в брак со Аматус Сами-Карим.