Сите чекаа Кристијано Роналдо да почне да го покажува сиот квалитет што го поседува во Саудиска Арабија.
Одличниот Португалец ја изрешета мрежата на Ал Вехда во победата на неговиот Ал Наср со 0:4.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ги постигна сите четири гола и потсети на деновите кога тоа не претставуваше чудо.
Роналдо по двапати ја затресе противничката мрежа во првото и во второто полувреме.
Еден гол беше од пенал, а другите од игра.
Ова беше негов петти гол во првенството на три одиграни натпревари и сега дефинитивно е отстранета дилемата дали тој е засилување за Ал Наср или не.
(Фото: Танјуг/АП)







