На 26.09.2019 околу 22.00 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.В. (20) од Република Србија, со престој во Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 26.09.2019 околу 23.30 часот во тетовското село Горно Палчиште бил приведен Ш.К.(23) од с.Голема Речица, тетовско, затоа што при негов и преглед на возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал, полициски службеници на СВР Тетово пронашле марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.09.2019 околу 00.40 часот во атарот на гостиварското село Симица
од слобода бил лишен С.И.(22) од Гостивар, кој со уште неколку лица бесправно сечеле дрва.
Од С.И. било одземено и моторно возило „форд маверик“, без регистарски ознаки, кое било предадено на Шумска полиција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 25.09.2019 во СВР Скопје било пријавено дека во 14.00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,фолксваген поло’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(59) од Скопје и автобус „јутонг’’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(46) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила патничката во автбусот Г.Д.(55) од Скопје, која била пренесена во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициска станица Гевгелија поднесе кривичнa пријавa против С.Т.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 07.01.2014 на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија, полициски службеници при преглед на Д.П. од Гевгелија, пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од
пријавениот.
На 26.09.2019 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено петгодишно дете од Скопје со тешки телесни повреди.
По преземени мерки било констатирано дека околу 18.00 часот на ул.„Лука Геров“, откако неговиот татко Е.К. го запрел патничкото возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, за да пренесе товар, другото негово тригодишното дете во возилото ја спуштило рачната кочница.
Поради ова возилото се придвижило и со предното тркало удрило во петгодишното дете.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 26.09.2019 во 04.45 часот на автопатот Куманово-с.Табановце, кај с.Костурник, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат дукато“ со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало и се вратило назад кон Куманово.
По кратко време, возилото запрело, а при негов преглед биле пронајдени 17 мигранти од Бангалдеш, од кои осум биле малолетници.
Тие биле привремено сместени во Транзитниот центар Табановце.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против Ш.Е.(52) од Скопје и В.Ц.(28) од неготинското село Тремник поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела, од кои три „одземање на моторно возило“, три „тешка кражба“ и едно „тешка кражба во обид“.
Пријавените ги извршиле делата во Струга во периодот од 03.07.2019 до 25.08.2019. Тие, од дворови на семејни куќи одземале моторни возила, а тешките кражби ги вршеле во маркети.
На тој начин пријавените предизвикале вкупна материјална штета од 569.000 денари.
На 27.09.2019 во 09.30 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје,
патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Скопје, удрило во пешкот Д.Д.(80) од Скопје.
Во незгодата Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот
клиники „Мајка Тереза“, каде во 12.15 часот починал.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Љ.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.
Во период од 01.01.2019 до 05.06.2019 пријавената, како референт во Агенцијата за катастар на недвижности – одделение Куманово, издала 197 имотни листови, при што
задолжителниот надоместок од 180 денари, од граѓаните го наплаќала во готово и го задржувала за себе.
На овој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист од 35.460 денари на штета на Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности.
На 26.09.2019 околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во
продажен салон на мобилен оператор во трговскиот центар „Сити Мол“ на ул.„Борис Трајковски“, по претходна вербална расправија во врска со користење на услуги, М.В.(63) од Скопје со нож се заканил на вработениот.
Тој бил приведен во Полициската станица Карпош, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.П.(33) и К.А.(29), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 08.02.2018 полициски службеници извршиле претрес во домот на второпријавениот
во Битола, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од растението канабис.
На 27.09.2019 во 03.50 часот во СВР Скопје, Б.С.(21) од Скопје пријавил дека на 26.09.2019 околу 23.00 часот пред угостителски објект на ул. „Мирослав Крлежа“, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Љ..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Б.(60) и П.П.(55), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во текот на 2017 пријавените, како вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – подружница „Кајмакчалан“ Битола, изготвувале фиктивни приемници за
пресечена дрвна маса, која не соодветствувала со реално пресечената дрвна маса, со што се создал кусок од 4.125 кубни метри огревно дрво.
На 26.09.2019 во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека на Одделот за интензивна нега Џ.Ф.(40) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со вербална расправија кон дежурната лекарка К.Т.М.(41) од Скопје.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Б.Ч. (27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 14.07.2019 околу 23.55 часот на бензинска пумпа, пријавените, при наплата за гориво, употребиле три лажни банкноти од 1.000 денари.
На 26.09.2019 во 15.00 часот, 46 – годишна жена од село од општина Липково, пријавила дека била извршена обљуба врз нејзината 14 – годишна ќерка.
По преземени мерки утврдено е дека обљубата ја извршил Т.Ф., вонбрачен сопруг на мајката.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против З.К.(60) од с.Градско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски ситем”.
На 07.07.2019 од банкомат во Градско, пријавениот, од платежна картичка сопственост на Т.Т. од Велес, неовластено подигнал 5.000 денари.
На 26.09.2019 во 10.30 часот било пријавено дека во просториите Управните работи во објект на МРТВ на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, С.М.(66) од Скопје упатил вербални закани кон вработените.
Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир било недоразбирање во врска со постапка за поништено живеалиште.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 26.09.2019 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во
Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(63) од с.Брвеница, тетовско.
Според пријавеното, В.М., додека извршувал градежни работи за градежна фирма од Скопје, на објект на фабрика на бул.„Александар Македонски“, паднал од скеле од
висина од околу 30 метри.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.09.2019 во 18.50 часот во СВР Скопје, Б.П.(75) од с. Црешево пријавил дека од неговиот дом се оддалечил неговиот син С.П.(37) од с. Црешево, лице со нарушено психичко здравје.
Тој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал од домот и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ј.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и А.М.(23) Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
На 01.09.2019 пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, пријавените упатиле закани кон М.Б. (18), С.Ѓ.(18) и Х.К.(18), сите од с.Сараќино, по што првопријавениот со неговото патничко возило удрил во нив, нанесувајќи им повреди.
После тоа, полициски службеници го запреле возило и при лишување од слобода на пријавените, второпријавената се однесувала агресивно и навредувала полициски службеник.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Т.(56) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено продоложено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на 2014 пријавениот, како директор на СОУ „Цар Самоил“ во Ресен, и покрај тоа што во годишниот финансиски план за превоз на ученици биле предвидени 2.919.592 денари, со „Боби Турс“ ДООЕЛ Битола потпишал договор за превоз на ученици на износ од 5.374.502 денари.
Исто така, во текот на 2015 пријавениот, по завршувањето на договорот за превоз на
ученици со „Боби Турс“ ДООЕЛ Битола, без анекс договор, продолжил да ги користи услугите на наведеното правно лице за превоз на ученици, со што овозможил тоа да се стекне со противправна имотна корист од 1.453.673 денари.
По ова, во текот на 2017 пријавениот, спротивно на Законот за јавни набавки, не донел одлука за започнување на постапка за јавна набавка за превоз на ученици и професори за учество на семинари, екскурзии, ограничувајќи ја конкуренцијата на другите економски оператори, со што на „Боби Турс“ ДООЕЛ Битола му овозможил да се стекне со противправна имотна корис од 75.075 денари.
Со наведените дејствија пријавениот му овозможил на „Боби Турс“ ДООЕЛ Битола да се стекне со вкупна противправна имотна корист од 3.983.658 денари на штета на Буџетот на општина Ресен.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 31.05.2019 во хотел во Велес, пријавениот, од З.С. од Тетово одзел паричник во кој имало пари и банкарска картичка.
По ова, од банкомат во Велес, пријавениот од наведената картичка подигнал пари, по што на регионалниот пат Велес-Штип на бензиска пумпа со картичката извршил
трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.700 денари.







