Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МВР Билтен (ДПЛ)
Хроника

МВР Билтен (ДПЛ)

ноември 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Пријавениот, во текот на 2020 година на ул.„ Д.Г.Кара“ во Тетово, во својство на инвеститор, на две катастарски парцели сопственост на Република Северна Македонија извршил изградба на монтажен објект, со што го проширил деловниот објект со вкупна површина од 48 метри квадратни, без да има соодветна дозвола од
надлежен орган, односно одобрение за градба.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.И.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 19.01.2020, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во
Велес, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана.

На 06.11.2020 во 18.25 часот било пријавено дека на магистралниот пат
Радовиш-Штип, патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С.(50) од Скопје удрило во полициски службеник С.С.(23) од Пробиштип, кој извршувал работни задачи за контрола и регулирање на сообраќај.

Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР
Штип, во присуство на Јавен обвинител.

На 06.11.2020 во 06.00 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Г.Р.(63) од с.Кривогаштани пријавил дека настанал пожар на катот од неговата куќа, при што целосно биле изгорени катот, дрвената кровна конструкција и исушен тутун.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната
противпожарна единица Прилеп и Територијалната противпожарна единица Кривогаштани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 06.11.2020 во периодот од 06.00 до 12.00 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилени сообраќајноконтролни активности на возила кои вршат јавен превоз (автобуси, комбиња и патнички такси возила).

Притоа биле откриени седум возила чии сопственици не поседувале лиценца и против нив ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави согласно чл.284-а од Кривичниот законик.

На 06.11.2020 во 22.20 часот во Полициската станица Аеродром М.К. (34) од Скопје пријавил дека околу 18.10 часот во с.Долно Лисиче, М.Н. и Р.Н., со кои имал нерасчистени должничко-доверителски односи, физички го нападнале и му одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во периодот од 22.00 часот на 06.11. до 02.00 часот на 07.11.2020, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското езеро, полициски службеници во водите на Охридското Езеро, спроти „Канео“, на околу 1 км од брегот на езерото, пронашле и одзеле шест риболовни мрежи со уловена охридска пастрмка.

Риболовниот алат бил подигнат од водите на езерото и предаден во Полициска станица за Граничен надзор Охридско Езеро, а СВР Охрид презема мерки за
пронаоѓање на сторителите на кривичното дело „незаконит риболов“.

На 06.11.2020 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за пулмологија бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21). Исто така, во 13.10 часот А.Р.(46) од Скопје пријави дека околу 12.45 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за пулмологија, по вербална расправија со вработен во клиниката, била физички нападната од него.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗППЈРМ и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 06.10.2020 во 14.10 часот во Полициското одделение Арачиново бил приведен М.А.(22) од с.Арачиново, бидејќи откако пријавил поплака и му било објаснето од полициски службеник дека ќе биде постапено по поплаката, тој физички го нападнал полицискиот службеник.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 06.11.2020 во 16.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Карпош едно лице со закана се обидело од вработената да одземе пари, но се откажало од намерата откако таа почнала да бара помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.11.2020 во 20.57 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот установа Затвор-Штип било пријавено дека околу 20.40 часот, при контрола во кругот за шетање во затвореното одделение, вработени во затворот пронашле кафеава прашкаста материја.

Од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја била одземена и доставена за вештачење. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.11.2020 во 18.44 часот било пријавено дека во Ресен бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.А., Е.Н. и А.А., сите од Ресен, од една страна и Џ.А. од Битола, од друга страна, при што бил оштетен и излог од дуќан.

Се работи на расчистување на случајот.

На 06.11.2020 во 14.15 часот во Полициската станица Кратово, откако Ѓ.М.(51) од Кратово била лишена од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, во ходникот влегле Ш.М.(84)и Т.Л. од Кратово, нејзини роднини, при што Ш.М. со тврд предмет удрил полициски службеник, додека Т.Л. се однесувал агресивно.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 06.11.2020 во 17.30 часот Љ.П.(59) од Прилеп пријавил дека околу 13.00 часот кај Терминалот во Прилеп, по кратка вербална расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од Б.К..

Се работи на расчистување на случајот.

На 06.11.2020 околу 23.40 часот, А.Х.(43) од с.Арачиново пријавил дека во с.Арачиново, додека бил со С.Х., биле пресретнати од Ш.М. и Ф.М., со кои претходно имале вербална расправија, по што Ф.М. физички го нападнал С.Х., а заедно со Ш.М. испукале неколку проектили кон А.Х. и С.Х.

Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на местото на настанот, каде пронашле чаури кои биле подигнати за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Ј.(33) од
Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено
кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на
наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 08.12.2019 во Кавадарци, полициски службеници го затекнале пријавениот во возило заедно со Г.Н. од Кавадарци и при нивен и преглед на возилото пронашле и одзеле марихуана.

На 06.11.2020 во 19.15 часот Л.С.(49) од Р.Албанија, со престојувалиште во с.Равен, гостиварско, пријавил дека околу 17.00 часот пред угостителски објект во с.Равен, бил физички нападнат од М.Н. од истото село.

Се работи на расчистување на случајот.

На 06.11.2020 во 18.00 часот било пријавено дека во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.Џ. и Џ.С., од една страна и А.В., Е.В. и Ѓ.Г., од друга страна.

Се работи на расчистување на случајот.

На 06.11.2020 во 23.50 часот, Н.М.(34) од Кочани пријавила дека околу 21.30 часот во Градскиот парк во Кочани нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од Кочани.

Се работи на расчистување на случајот.

На 06.11.2020 во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во книжарница во трговски центар, едно лице со закана со остар предмет од вработената одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.11.2020 во 09.45 часот Д.Б.(66) од Кавадарци пријавил дека околу 09.00 часот во Кавадарци бил физички нападнат од М.К. и И.П..

Се работи на расчистување на случајот

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 23.05.2020 на ул. „Фетка Наскова“ во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин.

На 06.11.2020 во 22.00 часот во Полициската станица во Струга, А.М. (42) од охридското с.Лескоец пријавила дека во стан на ул. „Вељко Влаховиќ“ во Струга била физички нападната од И.Ј.(41) од Струга, кој употребил и остар предмет.

Се работи на расчистување на случајот.

мвр билтен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело

мај 22, 2026

12 години затвор за Стојанче Јовановски – виновен е и за наведување на самоубиство на Ивана

мај 7, 2026

Обвинителството со нови детали: Се шири акцијата за нелегален увоз на ботокс и филери, вмешани се доктори, сомнежи за злосторничко здружување

април 24, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.