Во Полициската станица Центар синоќа во 21,00 часот во О.Т.(54) од Скопје, пријавил дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ бил каснат од две кучиња скитници во пределот на нозете.
МВР денеска соопшти дека вчера во 13,00 часот било пријавено дека во Гостивар на булеварот „Браќа Ѓиноски“ патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од А.С.(56) од тетовското село Порој, удрило во Ф.И.(22) од село Дебреше, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.







