На 29.11.2019 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ ја лишиле од слобода Ј.З.(42) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот, соопшти денеска МВР, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.11.2019 во 21.05 часот, полициски службеници на ул.„Топанска“ го лишиле од слобода А.Б.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.11.2019 во 12.30 часот на Граничен премин „Блато“ бил лишен од слобода М.Г.(33) од Р.Албанија, за кој при пасошка контрола било констатирано дека се бара по потерница од Интерпол-Германија.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка.
На 29.11.2019 во 00.55 часот на Граничен премин „Деве Баир“ бил лишен од слобода Т.И.Х.(43) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „сканиа“, со турски национални ознаки, и при пасошка контрола приложил фалсификувана меѓународнa зелена карта.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 28.11.2019 во 20.00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Морани – с.Зелениково патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О.(23) од с.Зелениково, скопско, излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.О., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
На 28.11.2019 во 23.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека околу 16.30 часот на ул.„Васил Чакаралов“, патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Г.(25) од Скопје удрило во пешак М.В.(67) Скопје.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.
На 28.11.2019 во 17.45 часот во Полициската станица Центар А.М.(38) од Скопје, пријавил дека на ул.„Партение Зографски“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.
На 28.11.2019 во 17.20 часот во Полициската станица Аеродром Р.М.(25) од Скопје, пријавила дека на пешачката патека покрај кејот на реката Вардар во населбата Аеродром била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
На 28.11.2019 во 14.50 часот било пријавено дека на автопатот Неготино – Градско, патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од Битола, удрило во заштитна ограда и се превртело на коловозот.
Во незгодата возачот и сопатникот С.С.(34) се здобиле со тешки телесни повреди.
Потоа, во паркираното возило на ЈЗУ Здравствен дом Неготино, кое дошло на местото на незгодата, удрило возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Скопје, а потоа во него удрило возило „киа рио“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(39) од Скопје.
Притоа со повреди се здобил И.М. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.







