На 06.04.2019 г.околу 22,30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
На 06.04.2019 година во 16,00 часот на Граничниот премин Долно Блаце при влез во Р.С.Македонија од слобода бил лишен А.Е.(24) од Албанија. А.Е. бил лишен врз основа на барање на СМПС Интерпол-Швајцарија.
На 06.04.2019 година во 13,15 во Полициската станица Центар Е.В.(45) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 11,00 часот на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот 16 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
На 06.04.2019 година во 14,00 часот во Полициската станица Центар Г.П.(59) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.
На 06/07.04.2019 година во времето од 23,30 до 01,30 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово извршена била акциска контрола во угостителски објект лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово при што биле затекнати девет малолетни лица како консумирале алкохолни пијалоци. По целосното документирање, ќе следат соодветни поднесоци.







