Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МВР: Во синоќешната рација приведени три лица, повредени двајца полицајци
Хроника

МВР: Во синоќешната рација приведени три лица, повредени двајца полицајци

јули 1, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

МВР попладнево со огласи со соопштение за вчерашната рација низ скопските клубови.

„СВР Скопје во кординација и содејство со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат беа спроведени акциски контроли во седум угостителски објекти на подрачјето на град Скопје, лоцирани во градскиот парк и неговата поблиска околина.

Од страна на СВР Скопје преземени се следните мерки и активности: легитимирани се вкупно 21 лице приведени се три лица и тоа: А.И.(25) од Скопје кој бил присутен како гостин во угостителски објект и кај истиот при личен преглед е пронајдено огнено оружје-пиштол „Берета“ со рамка со 10 (десет) куршуми; И.Р (33) од Скопје, кој бил присутен како гостин во угостителски објект и кај истиот при личен преглед е пронајдена паковка со непозната прашкаста материја; и О.У (44) од Скопје, сопственик на угостителскиот објект, кој одбил да ја почитува наредбата издадена од полициските службеници и се спротиставил на превземање на службени дејствија.

Истотака во еден од објектите се затеканати и шест малолетници лица кои се приведени во ПС Карпош заради утврдување на идентитет. Кај пет лица кои работеле како обезбедување било утврдено дека не поседуваат лиценци.

Од страна на Државниот инспекторат за труд, во сите контролирани угостителски објекти констатирано е дека работат без соодветна документација за вршење на угостителска дејност издадена од Министерство за економија на Република Македонија , додека од страна на УЈП во два угостителски објекти констатирана е разлика во прометот во готово и прометот во фискалните каси , по што на истите им е изречена забрана за вршење дејност во траење од 15 денови.

Регистрирано е и едно кривично дело „Напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“ при што се повредени двајца полициски службеници. Поточно, при преземање на мерки, односно приведување поради сомнение за претходно нарушен јавен ред и мир, лицата С.М(34) и Б.С (18), двајцата од Скопје физички ги нападнале униформираните полициски службеници, при што им нанеле телесни повреди.

Лицата се лишени од слобода и против истите ќе биде поднесена кривична пријава по член 383 од КЗ на Република Македонија. За спроведувањето на акциските контроли направена е претходна проценка за бројот на присутни лица, како и околностите во кои тие се спроведуваат, заради што се ангажирани соодветен број на полициски службеници кои постапувале согласно процедурите и законските одредби.

Од полицијата велат дека доколку се воочат евентуални недоследности, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди ќе превземе соодветни мерки.

 

актуелно локали мвр министерство повредени скопје ујп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.