Изборниот ден помина мирно без сериозни нарушување на јавниот ред и мир, оцени Министерството за внатрешни работи.
Минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција, по затворањето на гласачките места, посочи дека изборите поминаа во мирна атмосфера.
Спасовски посочи дека се забележани повеќе мали инциденти како фотографирање на гласачко ливче, гласање за друг, поткуп и носење гласачи на избори.







