Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МВР презентира електронски записник од увид во сообраќајки – ќе се скратат роковите за добивање записник
Политика

МВР презентира електронски записник од увид во сообраќајки – ќе се скратат роковите за добивање записник

декември 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Министерството за внатрешни работи денеска беше презентиран „Електронскиот записник од увид во сообраќајна несреќа“, со кој ќе се скратат роковите за добивање на записник од увид во сообраќајна несреќа.

„Овој проект претставува уште една потврда за нашите континуирани напори не само да ги надградиме севкупните професионални и технички капацитети на полицијата туку, уште повеќе, значајно да се придвижиме во насока на остварување на нашата трајна заложба за трансформирање на полицијата во реален сервис на сите граѓани, отворен и подготвен за сите нивни барања и потреби. Конкретно со овој проект, во контекст на реформите кои ги реализираме во континуитет овие две и пол години, ги скратуваме роковите во интерес на граѓаните за добивање на записник од увид во сообраќајна несреќа, за кој во годините наназад се случуваше да се чека и со месеци“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Појасни дека имплементацијата на проектот за електронски записник од увид во сообраќајна несреќа беше интензивирана во текот на 2018 и 2019 година, а станува збор за еден модерен концепт во делот од полициското работење, преку современо софтверско решение т.н. СНЕЗ, со кое се овозможува воспоставување на една централна електронска евиденција на записниците за извршен увид на место на сообраќајна несреќа.

Со тоа, меѓу другото, се овозможува автоматизирање и интеграција на евиденциите на различните системи во рамки на МВР, односно дигитализирање на преку 250 различни видови на податоци од увид на сообраќајна незгода.

„Придобивките од имплементирањето на оваа, така да кажам, современа методологија на работење ќе бидат изразени како во делот на кратењетона времето за изработка на Записникот за извршен увид на место на сообраќајна незгода, што пред сѐ е во интерес на граѓаните, така и во делот на електронската евиденција, преку обезбедување точни и навремени статистички и аналитички прегледи, битни за превентивното делување, но и за нормативните анализи на законските одредби и
состојбите во оваа сфера“, додаде Спасовски.

Истакна дека со започнување на употребата на софтверот СНЕЗ не само што се создава нов и значаен инпут во полициското работење и постапување, туку е истовремено и показател дека МВР креира и воспоставува нови и квалитетни стандарди во своето работење.

Електронскиот записник ќе стартува од следнава година.

актуелно електронски записник мвр сообраќајки увид
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.