Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МВР: Уапсена криминална група во Скопје
Истраги

МВР: Уапсена криминална група во Скопје

јули 6, 2018Updated:јули 6, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР приведе осум лица, членови на криминална група, коишто лани и оваа година со употреба на закани по животот и имотот на наводни должници на насилен начин прибавувале значителна имотна корист и предизвикувале штета по имотот на граѓаните со запалување на возила и објекти на оштетените“, рече директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски на денешната прес конференција.

„На 05.07. МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција достави кривична пријава против лицата: М.Д. (40), и М.Д. (34), двајцата од с. Сарај, Скопско, потоа  Н.П. (49), Т.П. (39) и П.Ј. (26) тројцата од Скопје, како и К.Ч. (66), од Струга, Л.М. (49) од Велес и Т.П. (51) од Неготино, а поради постоење основано сомнение дека се сторители на повеќе кривични дела ‘злосторничко здружување’, ‘неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори’, ‘изнуда’, ‘предизвикување општа опасност’, ‘неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи’ и ‘спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“, истакна Велковски.

На двајца од приведениете им е одреден притвор од по 30 дена, а на други двајца мерка – претпазливост.

„Криминалната група дејствувала на подрачјето на град Скопје. Првопријавениот М.Д. во период 2016-2018 година, создал злосторничко здружение во кое како активни членови учествувале М.Д. (негов брат), Л.М., Н.П., Т.П., Ј.П., К.Ч., Т.П., кои заради прибавување значителна противправна имотна корист преку употреба на сериозни закани и уцени успевале да извршат наплата на долгови од лихварски услуги или нарушени бизнис-релации. Оваа организирана криминална група имала хиерахиска структура со однапред одредени улоги за секој од членовите“, рече Велковски.

Наводните доверители коишто имале побарувања од трети лица по основа на лихварски долгови или нарушени бизнис-релации, заради наплата на своите побарувања ги ангажирале организаторот на групата и неговиот брат за посредување во наплата на побарувањата, кои преку употреба на сериозни закани и уцени и насилство успевале за одреден процент, вообичаено 8 проценти од целосниот долг, да ги наплатат побарувањата. Како инструменти при наплатата на долговите се служеле и со нотарски заверени изјави и договори за првземање на побарување, пренос на должнички-доверителски односи, компензациски договори за пренос на сопственост на имот, вообичаено возила, за наводно извршени услуги и слично. Во одредени случаи, преку ваквиот “систем“ на криминално делување побарувањата се пренесувале на членовите на групата, така што должниците односно жртвите станувале должници на организаторот на истата.

„Покрај ова во рамки на оперативните активности за документирање и сузбивање на криминалните активности на групата, детектиран и документиран е и случај на нелегална трговија со хероин во која била инволвирана групата. Имено, на патниот правец Скопје- Велес сопрен е еден од членовите на групата и при преглед кај истиот пронајден е хероин“, соопшти Велковски.

По претходно издадена наредба од страна на судија на претходна постапка завчера беше извршен и претрес на дом и други простории на 10 локации во Скопје, Струга и Неготино, претрес на лица, но и на и возила кои ги користеле членовите на криминалната група. Во претресите пронајдени и одзмени се: четири пиштоли, пет рамки за пиштоли, пушка, ловечки карабин, 102 куршуми различен калибар, 12 куршуми за ловечки карабин, четири возила, парични средства во вкупен износ од 48.000 евра, хероин, две дигитални ваги со траги од хероин, четири пластични мелници со остатоци од хероин.

група дрога закана изнуда мвр пушка хероин
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Полицијата санкционираше 102 возачи за неработниот ден

октомври 13, 2026

Засадиле 680 кила канабис, МВР откри голема нелегална плантажа

септември 23, 2026

Трамп досега упати најсериозна закана до Европа поради Канада

септември 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.