Околу 100 медицински списанија во светот, меѓу коишто и повеќе престижни гласила, денеска испратија повик за елиминација на нуклеарното оружје во светот.
Меѓу водечките медицински гласила се: „Би-ем-џеј“ (BMJ), „Лансет“ (The Lancet), „JAMA“ и „Њу Ингланд журнал“ (New England Journal of Medicine).
„Опасноста е сериозна и расте“ – гласи оценката по зголемената употреба на нуклеарно оружје во Украина, новите севернокорејски ракетни тестови итн. Се бара блокирање и неширење на нуклеарното оружје.
„Земјите со нуклеарно оружје мора да ги отстранат своите нуклеарни арсенали пред да нѐ елиминираат нас“, се наведува во написот.
Во недела се навршуваат 68 години од американското нуклеарно бомбардирање врз јапонскиот град Хирошима во Втората светска војна – прв таков напад во историјата на човештвото.
(Извор/Фото: МИА)







