Кошаркарите на Мемфис го искористија домашниот терен и го совладаа Сан Антонио со 110:108 во продолжението на четвртиот натпревар од првиот круг на НБА доигрувањето и на тој начин изедначија на 2:2 во серијата.
До изедначување од 2:2 дојде и Торонто со победа на гостувањето во Милвоки со 87:76. Атланта го намали заостанувањето на 1:2 совладувајќи го пред своите навивачи Вашингтон со 116:98.
Голден Стејт славеше на гости во Портланд со 119:113 па „Воините“ само уште една победа ги дели од пласман во вториот круг.
Сан Антонио оваа сезона ниту еднаш не победи во Мемфис, а не победи и овој пат за што се погрижија Мајк Конлеј и Марк Гасол. Конлеј со 35 коша, девет скокови и осум асистенции беше убедливо најдобар играч во победничката екипа, а со негов погодок домашните кошаркари изборија дополнителни пет минути во кои стигнаа до големата победа. Во продолжението блескаше Марк Гасол кој на 0,7 секунди пред истекот на времето погоди за победа. Шпанскиот центар го заврши мечот со 16 коша и 12 скока.
Винс Картер уфрли 13 поени, а Зач Рандолф имаше учинок од 12 коша и 11 скока.
https://www.youtube.com/watch?v=oO8HJGGjOjA&feature=youtu.be
Кејхи Леонард со 43 кошеви постави личен рекорд во доигрувањето, но на крајот на основниот дел од натпреварот промаши шут за победа. Го следеше Тони Паркер со 22 коша и пет асистенции, а Ламаркус Олдриџ остана на 13 коша.
Сан Антонио оваа сезона не загубил ниту еден натпревар од Мемфис на својот паркет, а тој низ ќе се обиде да го продолжи и во шестиот натпревар кој е на распоред ноќва.
https://www.youtube.com/watch?v=C60ki5wttMM&feature=youtu.be
Кошаркарите на Вашингтон во првата од двете гостински средби во Атланта паднаа без вистински отпор, затоа што домашната екипа веќе во првата четвртина успеа да направи предност од 25 поени, која со помали осцилации успеаја да ја одржат до крајот на натпреварот.
Пол Милсап уфрли 29 коша и имаше 14 скокови, Денис Шредер постигна 27 поени и подели девет асистенции кај победникот.
Џон Вол ги предводеше „Волшеблиците“ со 29 поени и седум асистенции. Брендон Џенингс постигна 13, а Бредли Бел 12 поени.
„Јастребите“ вечерва пред своите навивачи ќе се обидат да го изедначат резултатот на 2:2.
https://www.youtube.com/watch?v=zFkJyyoCOsE&feature=youtu.be
Тогаш кошаркарите на Портланд ќе се обидат да се изборат за враќање во Окланд, откако ноќта меѓу саботата и неделата беа поразени на својот паркет од актуелниот вицепрвак со 119:113, иако Голден Стејт беше без капитенот Кевин Дурант и првиот тренер Стив Кери, кој поради болест своето место го отстапи на првиот помошник Мајк Браун.
„Блејзерси“ до средината на третата четвртина имаа уверлива предност, водеа и со 17 кошеви разлика, но во завршните 12 минути влегоа со минимално водство од само половина кош, 88:87.
Во неизвесната завршница капитенот на Голден Стејт, Стивен Кери на 49 секунди пред крајот на натпреварот постигна клучна тројка за водство 113:106. Кери во последната минута од мечот уфрли девет од своите 34 коша, а на тоа додаде и осум асистенции.
Клеј Томсон уфрли 24 коша, Андре Игудала 16, а Мек-ги 14 за победникот.
МекКолин постигна 32, а Дамиан Лиард 31 кош кај поразените домаќини.
https://www.youtube.com/watch?v=Vtcb75DB6gQ&feature=youtu.be
Кошаркарите на Торонто го совладаа како гостин тимот на Милвоки Бакс со 87:76 во четвртиот натпревар од првиот круг во НБА доигрувањето и така го изедначија резултатот во серијата на 2:2.
Милвоки имаше прилика пред своите симпатизери да дојде на победа од влез во вториот круг од доигрувањето, но домашните кошаркари имаа лоша шутерска вечер, особено нивната главна ѕвезда Џанис Антетокумпо кој беше далеку под својот просек и уфрли „само“ 14 коша.
https://www.youtube.com/watch?v=jaoGqwGjrNY&feature=youtu.be
Торонто до победата го предводеше Ди-Мар со 33 коша, девет скокови и пет асистенции, додека Кејли Ловри уфрли 18 поени.
Торонто како трет носител во Источната конференција сега повторно има предност на домашен терен на кој ќе го одигра петиот натпревар во доигрувањето.