Многу пати Никола Јокиќ беше херојот на Денвер, им ја донесе и толку посакуваната титула во НБА лигата, но овојпат Србинот беше главниот виновник за поразот на Нагетс од Феникс на домашен терен – 117:107.
Јокиќ имаше шут за победа во „регуларниот дел“ од мечот, но не успеа да постигне кош и се замина на дополнителни пет минути, во кои играа само гостинските кошаркари.
Навистина, Јокиќ одигра уште еден феноменален натпревар, забележа 22 поени, 16 скокови и пет асистенции, но во клучниот удар за триумф на Денвер баскетот не мина низ обрачот.
Нагетс подобро го отворија мечот и ја добија првата четвртина, на чиј крајот Никола погоди од неверојатен шут.
Сепак, во продолжението дојде до огромен пад во играта, што гостите го искористија и овој период го добија со големи 37:18. Од тој момент се чинеше дека само еден противник е на паркетот. Избраниците на Мајк Мелоун се обидоа како така да фатат резултатски приклучок.
Меѓутоа, како што се ближеше крајот на мечот, Денвер играше се подобро и подобро, и малку по малку ја топеше предноста. Дека работите би можеле да се свртат беше најавено на стартот на последната четвртина, кога Денвер го намали резултатот и се приближи на само -6, 96:90.
До крајот на мечот Нагетс играа како во транс, а потоа дојде до пресврт и водство. Сепак, Санс успеаја да израмнат, па после промашувањето на Јокиќ се појде во продолжение и дополнителни пет минути.
На стартот од продолжението гостите повторно наметнаа свој ритам. Неверојатниот Дурент погоди тројка, а Бил му се придружи, па на две минути до крајот беше 110:104. Денвер „трошеше“ напад по напад, додека Бредли Бил постигна уште еден кош за 112:104, после кој тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, побара тајмаут и, се чини, ја потпиша капитулацијата.
Најефикасен играч на натпреварот беше Кевин Дурент со 35 постигнати поени, заедно со неколку многу важни погодоци во завршницата, а Грејсон Ален даде 28.
Џамал Мари ги предводеше Нагетс, постигнувајќи 28 поени, додека српскиот кошаркар Никола Јокиќ, запиша 25 поени, 16 скока и пет асистенции. Забележителен беше и Мајкл Портер Јуниор кој мечот го заврши со 20 поени.
Следниот натпревар Денвер го игра ноќта меѓу четврток и петок против Бостон Селтикс.
(Фото: НБАЕ)







