Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Меркел: Земјите од Западен Балкан имаат перспектива за членство во ЕУ
Македонија

Меркел: Земјите од Западен Балкан имаат перспектива за членство во ЕУ

ноември 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Би сакала да им порачам на земјите од Западен Балкан дека имаат перспектива за членство во Европската Унија, изјави синоќа во Загреб германската канцеларка Ангела Меркел.

„Ние живееме за тоа и ќе направиме тоа да се случи, нагласи Меркел на Конгресот на Европската народна партија, што вчера и денеска се одржува во хрватскиот главен град.

Таа порача дека ќе разговара со Франција за да се најде консензус околу францускиот предлог за реформи на процесот на преговори за членство во ЕУ, со цел да се создадат услови за што побрзо започнување на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија.

„Мора да разговараме со Франција и тоа треба да го сториме многу интензивно и да ги утврдиме елементите што треба да се подобрат и да се менуваат во процесот на проширување. Сакаме договор за тоа колку што е можно поскоро со цел да можеме да постигнеме напредок во конкретниот случај, изјави Меркел, нагласувајќи дека реформите во преговарачкиот процес ќе треба да им овозможат вистинска перспектива за членство на земјите од Западен Балкан.

Германската канцеларка потенцира дека ги поддржува плановите на хрватската Влада за одржување Самит ЕУ – Западен Балкан во целосен формат, додавајќи дека Германија смета оти перспективите за преговори за влез во Унијата на Северна Македонија и Албанија „ќе ја зајакнат геополитичката стабилност на историски нестабилниот Балкан“.

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на својот Конгрес во Загреб усвои Резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа, со која се повикуваат Европскиот совет и земјите членки на ЕУ да се заложат за носење позитивна одлука што е можно поскоро за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Поткопувањето на политиката на проширување може да доведе до зголемување на нестабилноста во непосредното соседство на ЕУ и да отвори простор за странски актери, чии активности можеби не се во согласност со вредностите и интересите не ЕУ, да остварат поблиска соработка со Северна Македонија и Албанија, се вели во документот, предложен од Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

Во текстот се посочува дека неуспехот на ЕУ да одреди датум за старт на преговорите со Северна Македонија доведе до распишување предвремени избори во земјата и резултирало „со пад на кредибилитетот на оние што прифатија компромиси“.

Потребно е да се преземат сите напори за организирање на слободни, фер, демократски и кредибилни избори на 12 април 2020 година, се вели во Резолуцијата.

Документот, исто така, повикува да се охрабрат реформите во Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, со цел овие земји да ги исполнат критериумите за членство во Унијата што е можно поскоро.

актуелно ЕУ Западен Балкан Меркел перспектива членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.