Кој ја сака слободата се грижи за слободните медиуми, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, по повод 75-годишнината од првиот повоен весник во земјата.
Во денешната видео-порака Меркел истакна дека на демократијата „и треба јавноста“.
„Демократијата има потреба од простор каде можеме да зборуваме за законите, но и за нашите вредности. Демократијата има потреба од јавноста во која може да се дискутира и да се изразат различни мислења“, подвлече таа, додавајќи дека врз основа на таа дискусија може да се развијат заеднички решенија.
Тоа, меѓутоа, потенцира таа, бара толеранција кон мислењата на другите и тоа бара прифаќање на критиките.







