Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази оптимизам дека спорот за начинот за распределба на азиланти во ЕУ ќе биде решен откако судот кон средината на неделата донесе одлука дека членките мораат да превземат свој дел од бегалците кои ќе дојдат во Европа.
Меркел во изјава за весникот „Франкфуртен Алгемајне зонтаг цајтун“ ја поздрави одлуката на судот.
Весникот претходно објави дека во преговорите меѓу членките на ЕУ за распределба на бегалците се појавува компромис што не може да се поврзе со исплатите кои ќе им ги даде Брисел на оние кои ќе превземат азиланти.
Во одлуката судот ги отфрли жалбите на Словачка и Унгарија поради обврзувачките квоти за прием на мигранти воведени во 2015 година за распределба на азиланти од Грција и Италија.
Меркел нагласи дека е многу важно да се искаже солидарност во речението на мигрантската криза затоа што во спротивно нема да има солидарност во Унијата по други прашања, што не би било добро за кохезијата во европскиот блок.
Германскиот весник, повикувајќи се на свои извори во преговорите, пишува дека членките на ЕУ развиле идеи за решавање на спорот по пат на стварање систем на иницијативи според кои Брисел би давал по 60.000 евра за секој примен бегалец.
„Ако државата членка прими за половина помалку од бараната квота тогаш предлогот за 60.000 за едно лице ќе треба да биде повлечен“, наведува весникот.







