Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Меѓупартиски препукувања – кој го спречи одземањето на имунитетот на Вељаноски
Македонија

Меѓупартиски препукувања – кој го спречи одземањето на имунитетот на Вељаноски

февруари 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собраниете не му го одзеде имунитетот на пратеникот и поранешен собраниски спикер Трајко Вељаноски, поради тоа што претседателот на законодавниот дом ја прекина седницата, која почна во неделата во 21 часот, а одлуката за одземање на пратеничкиот имунитет требаше да биде донесена до 24 часот.

Џафери ја прекина седницата, откако се создаде тензија во собраниската сала, бидејќи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, повеќе пати бараше пауза од еден час, а Џафери даваше покуси паузи, по што атмосферата се „вжешти“, пратениците од опозицијата сметаа дека не им е исполнето барањето согласно Деловникот, а пратениците од СДСМ сметаат дека треба да се пристапи кон гласање.

И сега СДСМ му замерува на Џафери дека ја прекинал седницата, собранискиот спикер вели дека морал да го стори тоа поради тензијата што се создала, ДУИ смета дека за тоа е одговорен пратеник од СДСМ и претседател на Комисијата за деловнички и мандантно имунитетни прашања Павле Богоевски, кој наводно имал некаков договор со ВМРО-ДПМНЕ,  Богоевски тврди дека ДУИ го поткопувала целиот овој процес, а Алијансата на Албанците смета дека Џафери направил голема грешка и дека можеби станува збор за некаква закана и уцена.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев изјави дека Собранието требало да ја следи досегашната пракса во однос на одлучувањето за одземање на имунитетот на пратеникот Вељаноски. Со тоа, смета, ќе се покажело дека сите пратеници се еднакви, а ќе се оставело и можност на судот да одлучува.

„Процедурите и правилата мора да важат за секој пратеник подеднакво без разлика дали е тоа поранешен претседател на Собрание или не, затоа што сакаме на граѓаните да им испратиме порака дека сите се еднакви пред законот, а останатото е работа е на правосудните органи. Парламентот треба да ја примени досегашната пракса. Во однос на тоа што се случи изразуваме големо незадоволство и револт, рече Заев.

СДСМ побара одговор од Џафери да појасни зошто ја прекинал седницата. Координаторот на СДСМ и коалицијата Јован Митревски рече дека имало кворум за гласање и пратениците од мнозинството биле подготвени да донесат одлука со која ќе му се овозможи на судот да ги продолжи непречено своите процеси.

Спикерот Џафери, пак, појасни дека ја прекинал седницата поради, како што рече, однесувањето и дофрлувањата на пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, кој му рекол дека времето изминува и дека треба да се гласа.

На прес конференција во Собранието Џафери, меѓудругото одговори,  и на прозивките на лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села, кој од него побара да се повлече од функцијата бидејќи, по сето тоа што го сторил, е недостоен да ја извршува.

Села го потсети Џафери дека тој на спикерското место, како што рече, бил избран со „крвта на Села“ и притоа побара предвремени парламентарни избори, бидејќи смета дека било спроведено сценарио на поранешните коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Џафери рече дека не е избран за претседател со ничија жртва, туку дека е дел од таа жртва. Тој е претседател на Собранието и личноста која не работи по никаков диктат.

Според претседателот на Собранието, основната вина за сегашната пат позиција лежи во Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која не донесе предлог – одлука според која ќе се раководи парламентот.

А за организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби одговорноста за неизгласувањето на одлуката за симнување на пратеничкиот имунитет на Вељаноски е кај претседателот на собранската Комисија за деловнички и мандатно – имунитетни прашања, Богоески.

„ДУИ целосно го поддржува владеењето на правото без партиски, политички, етнички и какви било други влијанија. На синоќешната седница во определеното време сите пратеници на ДУИ беа присутни на седницата од претседателот Ахмети до болниот пратеник Агим Шаќири за да гласаме за одземање на имунитетот. За жал, на седницата пратениците не можеа да се воздржат од дофрлувања и навреди кон претседателот на Собранието во моментот на гласање, рече Груби.

Тој дури кажа дека Богоевски се договорил со ВМРО-ДПМНЕ, без консултации со ДУИ, за терминот кога била оставена одлуката за гласањето и додаде дека ништо од тоа не би се случило доколку пратениците не станале и со навредливи зборови, пцовки и фрлање пенкала кон спикерот Џафери не го попречиле актот на гласањето неколку минути пред полноќ.

Богоевски од своја страна кажа дека се сомнева оти се работи за смислено сценарио од ДУИ за да го заштитат Вељаноски. Тие, како што рече Богоевски, најпрво се обиделе да ја саботираат работата на Комисијата, а потоа и на собраниската седница. Тој објасни дека на седницата на Комисијата три пати и ѕвонел на пратеничката од ДУИ Мирсада Емини Асани која е заменик член од ДУИ, откако на Агим Шакири му се слошило, поради што не дојде на седицата и немаше мнозинство гласови за предлог-одлуката за одземање на имунитетот.

Трајко Вељаноски, против кого се води истрага како еден од организаторите на настаните од 27 април остана со пратеничкиот имунитет, а на прашањето дали Судот има право повторно да побара од Собранието да му биде одземен пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер претседателот на Кривичен, Иван Џолев рече дека тоа законот не го третира до крај.

„Колку што ми е мене познато во пракса повторни барања не сме испраќале. Но ќе седнеме сите судии заедно, ќе го прочитаме и ќе видиме кои се следните чекори што ќе ги преземеме, истакна Џолев.

Во случајот со Вељаноски имаше несогласувања и околу одлуката, која претходно ја донесе надлежната Комисија за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, односно „за“ и „против“ одземањето на имунитетот се изјаснија ист број пратеници, по четири, со што фактички Комисијата не донесе предлог-заклучок.

Тоа беше централниот став, што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го изнесуваше на пленараната седница, дека нема за што да се гласа, нема јасна препорака од Комисијата, додека владејачката СДСМ се повикуваше на Деловникот, односно на членот 53, став пет. Таму се наведува дека претседателот на Собранието, барањето за одобрување на притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието.

Вељаноски заедо со Миле Јанкиески и Спиро Ристовски минатата среда беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, а во неделата тој не беше присутен на седницата, на која се расправаше за неговиот имунитет.

На новинарско прашање дали обвинителството му дало налог на МВР да се следи движењето на пратениците кои се под истрага, меѓу кои е Вељаноски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговори дека Министерството не добило такво барање.

актуелно вељановски имунитет одземање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.