Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Меј: Решението за името ќе донесе придобивки за двете земји
Македонија

Меј: Решението за името ќе донесе придобивки за двете земји

мај 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Целосна поддршка во решавањето на спорот за името, денеска даде премиерката на Обединетото Кралство Тереза Меј која е во официјална посета на Република Македонија. На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, британската премиерка порача дека решението ќе има придобивки и за Македонија и за Грција.

„Само неколку месеци по парламентарните избори во Македонија дојде до големи промени. Владата подаде рака кон своите соседи и почна да се ангажира за решение на проблемот со името. Знам дека Македонија е посветена кон ова решение, а таквото решението ќе донесе чисти придобивки и за двете земји. Можете да сметате на целосната поддршка на Обединетото Кралство на овој пат – истакна Меј.

Таа ја потенцираше и поддршката на Бритaнија во споделувањето на воената експертиза и помошта во одбранбената стратегија. Како доказ за таа поддршка, Меј ја нагласи и одлуката на Обединетото Кралство да биде домаќин на следниот Самит посветен на Берлинскиот процес во јули.

„Подобрување на економската стабилност, подобра политичка соработка и надминување на проблемите во последните 30 години, ќе бидат во фокусот на овој самит. Вашата земја е интегрален дел од Европа, а еден просперитетен западно-балкански регион е од корист за сите во регионот и во Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму. Македонскиот одговор на нападот во Солсбери е доказ за вашата посветеност кон заедничките односи и никогаш не сме биле поблиску како земји – нагласи Меј.

Премиерот Заев оцени дека денешната посета на неговата британската колешка Меј потврдува дека Велика Британија останува заинтересирана и ангажирана за напредокот на Западен Балкан и оти Самитот во Лондон ќе биде уште една верификација на позитивните инструменти на регионалната соработка на Западен Балкан во економијата, транспортот, безбедноста и интеграциите.

„Евроатлантските интеграции на Македонија се важни за нас, но и за регионот. За граѓаните и за Македонија значат економија и перспективи, но за регионот, за ЕУ и за светот значат стабилност и безбедност. Значат спречување и други фактори да застанат на патот на ваквата заедничка иднина што е интерес на сите – рече Заев додавајќи дека ќе продолжат демкратските реформски процеси во Македонија, како и негувањето на добрососедските односи и меѓународната соработка за клучните прашања.

Потсети дека реализацијата на реформскиот План 3-6-9 е вреднуван од ЕУ со чиста и безусловна препорака најавувајќи дека ќе се спроведе новиот план 18 кој е фокусиран на зајакнување на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Додаде дека во мигрантската криза во 2015 година Македонија се докажала како доверлив партнер на ЕУ и дека преку учеството на заедничките мисии е лојален и сигурен партнер на НАТО.

актуелно балкан Велика Британија Европа Заев лондон македонија меј
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.