Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Минималецот од март 18.000 денари, се очекува усогласување на сите плати
Економија

Минималецот од март 18.000 денари, се очекува усогласување на сите плати

февруари 9, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Осумдесет илјади граѓани ќе добијат најмалку 18.000 денари минимална плата во мартовската исплата. Владата вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во согласност со одлуките од Економско-социјалниот совет.
Со овие измени, најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари. Во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 отсто од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57 отсто од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера изјави дека проекциите се дека минималната плата ќе биде 22.000 денари до 2026 година.

– Имаме проекции до 2026 како ќе се движи минималната плата. Сепак, тоа се проекции кои се поставуваат на ниво на различни макроекономски фактори. До 2026 година, минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање, рече Битиќи.

Според премиерот Димитар Ковачевски, со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2014 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата.

– Оваа мерка ќе влијае позитивно и на останатите плати во сите други индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Постигнатиот договор за зголемувањето на минималната плата, вчера го поздрави и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) од каде се надеваат дека тоа ќе придонесе за скалесто зголемување на сите останати плати.

– Сојузот на синдикатите на Македонија го темелеше својот предлог на стручни економски анализи, а воедно беше покажана огромна одлучност од нашето членство и на тој начин се постигна успех којшто ќе биде пример и за други европски земји поради тоа што висината на минималната плата од 62 проценти е највисокиот износ на минимална плата и за европски услови во споредба со просечната плата, велат од ССМ.

Посочуваат дека работодавачите нема да бидат оштетени со зголемувањето на минималната плата, туку напротив ќе се зголеми продуктивноста на трудот, а со тоа ќе се зголеми и производството во компаниите.

– Работодавачите се наш социјален партнер и досега проблемите сме ги разрешувале по пат на социјален дијалог, а со покачувањето на минималната плата нема да бидат оштетени, напротив научните истражувања покажуваат дека со покачувањето на минималната плата ќе дојде до зголемување на продуктивноста на трудот, а со тоа и зголемување на производството во компаниите, нешто на што заеднички ќе работиме, а на тој начин ќе се создадат балансирани односи помеѓу трудот и капиталот што е неопходен услов за развој на економијата и општеството, истакнуваат од ССМ.

И Синдикатот на УПОЗ ја поздрави одлуката за покачувањето на минималната плата, но, оттаму велат дека мора да има и усогласување на сите плати. Во спротивно, како што посочија, некој ќе добие покачување, други ништо.

– Сега ќе имаме неповолна ситуација само за вработените во локалните самоуправи, во државната управа и во правосудството во цела Македонија. Бидејќи, кај нас, ситемот на плати е различен од системот на минималната плата. Кај нас системот на плати е според образование и според ниво. Сега Владата несвесно, иако беше многупати досега укажано од синдикатот на УПОЗ и на сите синдикати во јавниот сектор, отвори пандорина кутија која нема да може да ја затвори. Тоа ќе значи дека ќе имаме едно ниво со средно образование кое ќе има иста или повисока плата од вработените со високо образование и ниво на помошно-технички вработени, кое ќе дојде со иста плата со вработените со високо образование, рече вчера претседателот на синдикатот на УПОЗ на Македонија Трпе Деановски.

Според него, неопходно е уважување на членот 8 од Законот за минимална плата каде се прецизира усогласувањето на платите со порастот на минималната плата. Синдикатот на УПОЗ застанува зад сите вработени и не се исклучени и тужби за остварувањето на правата на вработените со Колективниот договор.

– Непочитувањето на Колективниот договор, претставува кривично дело и повлекува казна затвор. Ќе направиме сѐ за вработените да си го остварат правото на Колективниот договор, ќе направиме сѐ за да не го оштетиме буџетот на општина Прилеп со тужбите може да следуваат, но ќе ги повикам советниците да размислат што прават, без разлика на нивната политичка припадност и да си го одржат зборот за тоа што го гласале и да им дадат на вработените шанса за пристојна плата. Сега, платите на оние со високо образование се 22.000 денари. Недостасуваат инспектори, во ИТ- секторот, но никој нема да се согласи да рабити за таа плата. Ги повикуваме советниците да се преиспитаат и да им овозможат на вработените пристојна плата, рече Деаноски.

Од СДСМ вчера истакнаа дека за неполни пет години минималната плата ја зголемиле двојно, односно од 9.000 на 18.000 денари.

– Владата предводена од СДСМ ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината. Со ова решение им излегуваме во пресрет и на граѓаните и на стопанството, бидејќи е важно да имаме задоволни и мотивирани работници но и силно стопанство кое ќе  придонесе за поголем економски раст. Продолжуваме да обезбедуваме повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за граѓаните, наведоа од СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, рече дека партијата ќе ја поддржи минималната плата, но најави амандмани за доследна примена на колективните договори.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во Парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата, вели Мицкоски.

Во однос на барањето на оваа партија да се усогласат и платите во јавниот сектор, вицепремиерот за економски прашања Битиќи укажа дека усогласувањето на платите е дел од законското решение и дека усогласувањето ќе биде направено со член 8.

– Сите плати треба да се усогласат со минималната плата. Нема поделба на јавен и приватен сектор. Законите се носат врз основа на параметри кои треба да овозможат праведност и правичност, рече Битиќи.

По неколкудневни преговори во понеделникот беше постигнат договор минималната плата да биде зголемена од сегашните 15.200 денари на 18.000 денари. Зголемувањето ќе започне со мартовската плата што значи дека веќе во април околу 80.000 работници во земјава ќе земат минимална плата од 300 евра.

Со ова е исполнето барањето на синдикатите кои инсистираа минималната плата веднаш да биде зголемена на 18.000 денари укажувајќи дека тоа е егзистенцијална потреба на работниците во услови кога се зголемени животните трошоци.

Зголемувањето на минималната плата ќе биде потпомогнато од страна на државата која ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот ќе бидат одвоени 16 милиони евра до крајот на годината.

 

ИЗВОР: МИА

18 000 денари актуелно минималец плати усогласувањње
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.