Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Министерката Дескоска ќе ја потпише Сингапурската конвенција за медијација
Политика

Министерката Дескоска ќе ја потпише Сингапурската конвенција за медијација

август 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за правда Рената Дескоска денеска ќе ја потпише Сингапурската конвенција за медијација во Сингапур, каде ќе се сретнат официјални претставници од 50 земји за поддршка и потпишување на новиот меѓународен договор за медијација.

Потпишувањето на оваа конвенција, како што велат од Министерството за правда, е историски настан кој ќе донесе бројни придобивки за странските инвеститори и компаниите преку алтернативното, вонсудско разрешување на меѓународните трговски спорови.

Досега, спогодбите со кои се решаваа меѓународните трговски спорови, а кои беа постигнати по пат на медијација – немаа заштитен механизам и гаранции за прекугранично спроведување.

„Конвенцијата на Обединетите нации за Меѓународни договори за спогодување, што произлегуваат од медијацијата“, позната како Сингапурската Конвенција за медијација, ќе обезбеди прекугранично спроведување и почитување на спогодбите постигнати по пат на медијација, ќе им овозможи на компаниите и меѓународните инвеститори поголема правна сигурност која ќе ја зголеми меѓународната трговија.

Конференцијата и Церемонијата за потпишување за Сингапурската Конвенција се во организација на Министерството за правда на Сингапур и Комисијата на Обединетите нации за меѓународно трговско право (UNCITRAL), и претставуваат дел од низата поврзани настани што ќе се одржат за време на Неделата на Конвенцијата во Сингапур од 2 до 8 август 2019 година.

На конференцијата ќе се дискутираат теми поврзани со меѓународното трговско право и решавањето спорови, унапредувањето на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите и иднината на меѓународното решавање на спорови.

Министерката Дескоска ќе се обрати во рамки на тркалезната маса насловена како „Градење доверба, овозможување меѓународна трговија“, на која министрите и високите претставници ќе разговараат за тоа што можат да направат владите за градењето на довербата среде глобалните неизвесности, важноста на мултилатерализмот и меѓународното владеење на правото, како и придонесот на Сингапурската конвенција за медијација.

Конференцијата ќе ја отворат премиерот на Сингапур, Ли Сјен Лунг и Стивен Матиас, помошник генерален секретар за правни работи на ООН.

Конвенцијата беше усвоена со консензус во Генералното собрание на ООН на 20 декември 2018 година.

Тоа ќе биде првиот договор на ООН што ќе го носи името по Сингапур.

Листата на потписници говори за значајноста на оваа конвенција: САД, Кина, Јапонија, Турција, Индија, Швајцарија, Австралија, Иран, Катар и други.

актуелно Дескоска медијација Сингапурска конвенција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.