Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Министерството за правда подготвува нов закон за јавното обвинителство
Македонија

Министерството за правда подготвува нов закон за јавното обвинителство

декември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за правда подготвува нов Предлог закон за Јавното обвинителство, кој наскоро треба да биде доставен во Влада, а потоа и до Собранието.

Како што посочија од Министерството за правда, со ова законско решение, меѓу другото се определува кој ги презема надлежностите на СЈО и материјалите од незаконското следење на комуникациите.

Надлежностите на СЈО, како што предвидува Предлог-законот треба да ги преземе Обвинителството за организиран криминал и корупција, со што тоа ќе биде надлежно за гонење на висока корупција.

„Новото законско решение предвидува обвинителите од СЈО да продолжат да постапуваат по истите предмети кои се предадени Јавното обвинителство на
Република Северна Македонија, што значи дека продолжуваат сите предистраги и истраги што ги започнало СЈО“, посочуваат од Министерството за правда.

Во Предлог – законот се предвидува државното Јавно обвинителство да ги чува снимките од незаконското прислушкување, односно т.н. бомби, кои не се предадени како докази во судовите.

Предвидено е, како што информираат, по истекот на три години од правосилното завршување на постапките, тие материјали да бидат уништени согласно со одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки, согласно со закон, а записниците за уништувањето да се доставуваат до државниот јавен обвинител.

„Сериозно ги сфаќаме пораките дека потребен е нов закон за јавно обвинителство за продолжување на евроинтегративните процеси“, велат од Министерството за правда.

За да биде донесен за законскиот текст во Собранието треба да гласаат 80 пратеници, односно тој се носи со двотретинско мнозинство.

Неизвесно дали ќе биде поддржан од сите пратенички групи.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, денеска изјави дека имајќи предвид дека законот се очекува да биде предложен од Владата, тој ќе ја има поддршката од сите коалициски партнери односно и од ДУИ.

Убеден е дека во Собранието ќе има двотретинско мнозинство за да биде донесен.

„За детали за текстот на законот во овој момент не можам да зборувам затоа што се уште ние како пратеници не сме го добиле. Секако дека сите пратенички групи ќе бидат консултирани за текстот и ќе се разговара за евентуалните забелешки кои би ги имале. Тој закон се носи со 80 гласа или со двотретинско мнозинство и се надевам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за конечно да го одблокираме и тој процес“, рече Митревски.

Владејачкото мнозинство, според него, не сака да остави причини за повторно недобивање датум за преговори со ЕУ.

„Должни сме како партија и како мнозинство да работиме на реформи во правосудниот систем и ние сме решени тие реформи да ги спроведеме за конечно во оваа држава да има и разрешница на предметите кои се отворени, меѓутоа и да има судски одлуки кои ќе значат крај на тие судски процеси“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, според пратеникот Емил Димитриев ќе почека да го види законот, а потоа ќе се изјасни за текстот.

„Не е добро за демократијата што прекина дијалогот помеѓу опозицијата и власта не само за законите од сферата на правосудството, туку и за законите од сферата на одбраната и безбедноста. Како наближуваат изборите, креативноста на СДСМ и на Владата е се поголема. Ние овие очајни обиди во последните моменти ги сфаќаме апсолутно несериозно, меѓутоа ќе почекаме да го добиеме предлог на зкаонот на текстот и потоа ќе се изјасниме како партија“, рече Димитриев.

актуелно закон Јавно обвинителство министерство за правда
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.