Денеска Министерството за транспорт и врски, преку соопштение се огради од секаква активност поврзана со информациите за организирање забава на делови од автопатот Демир Капија по вчерашното свечено отворање на делницата.
„Ниту министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, се вели во соопштението, во кое за други информации медиумите се упатуваат до изведувачот на проектот.
Од министерството за транспорт и врски додаваат дека се одговорна и транспарентна институција, чија единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежност.
Делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила.







