Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Министреството за образование и наука со реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Министреството за образование и наука со реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

јули 12, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ и критиките за ребалансот на Буџетот се упатени на погрешна адреса. Поискрено би  било да се свртат кон своите поранешни министри и актуелни градоначалници и од нив да побараат одговори за криминалното работење но и за моменталната опструкцијата на сите процеси во образованието кои доведоа до кратење на одредени ставки, реагираат од Министреството за образование и наука.
Реализацијата на буџетот за инвестиции за првите 5 месеци  од 2017  година кој претходната Влада  го спровела е во просек 6 % така што е невозможно за наредните неколку месеци да се реализираат 94% од планираниот Буџет.
Единствено место каде претходната Влада има реализација за првите 5 месеци од неверојатни 92,61 % е кај ставката за репрезентација каде потрошиле 114 223 евра или над 7 милиони денари.
Средствата предвидени за реновирање на основни и средни училишта како и изградба на спортски сали се скратени од единствена причина што Општините кои во над 90% се раководени од ВМРО ДПМНЕ не издаваат одобренија за градби и на таков начин свесно и намерно го опструираат целиот процес.
„За опремување на училишта со таблети тендерската постапка воопшто не е ни започната. Што чекала претходната Влада? Зошто воопшто не го ни распишала тендерот кој треба да биде меѓународен и за кој има административна процедура која трае од 3 до 6 месеци пред да биде одобрен, а која воопшто не е ни отпочната, а не да биде сведена до фаза на реализација.
„Лага е дека се скратени средства за постоечките Универзитети, скратени се сретствата за Дамјан Груев за кој уште на почеток бевме транспарентни дека нема да почне со работа.
Со одложувањето на Кембриџ во средно училиште им заштедивме на граѓаните неколку стотици милиони средства, кои со штетни договори беа ексклузивно право на привилигирани компании кои му продавале на МОН учебник по 900 денари.

Нивото на преводите на стручната литература на граѓаните им се познати, а и криминалите во рамките на тој проект најверојатно ќе бидат предизвик за работа за  инспекциските органи. Студентските домови се гушат во долгови создавани изминатите 10 години и се над 300 милиони денари од несериозно и криминално работење на претходната Влада.
Министерство за образование и наука предвидува нови 35 милиони денари за студентски стандард и 10 милиони денари за ученички стандард кои се наменети за ученички стипендии и школарини.

Ние вложуваме во квалитетно образование и вложуваме во човечкиот капитал. Криминални агенди не не интересираат, а опструкции нема да не поколебаат.

ВМРО ДПМНЕ може да продолжи да тоне но нивните деструктивни политики во образованието завршија, за добро на учениците, студентите и професорите.

актуелно вмро-дпмне кембриџ МОН
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.