Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Земјите од Централна и Источна Европа ќе ја унапредат соработката во земјоделството
Македонија

Земјите од Централна и Источна Европа ќе ја унапредат соработката во земјоделството

август 25, 2017Updated:август 25, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од НР Кина на денешниот 12-ти „Форум за агро-трговија и економска соработка“ во Брдо кај Крањ, Словенија, усвоија заедничка декларација за „Улогата на меѓународната соработка и синџирот за снабдување со храна на локално и глобално ниво“, соопшти македонското министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На денешниот состанок министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од НР Кина кои се дел од платформата за соработка во областа на земјоделството „16+1“, дискутирале за напредокот на соработката во областа на земјоделството во текот на изминатата година. Министрите позитивно ги оцениле реализираните активности врз основа на упатствата од Рига за соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина и среднорочната Агенда за соработка.

Во своето обраќање на Форумот, македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакнал дека меѓународната трговија и синџирот за снабдување со храна, како на глобално, така и на локално ниво, се значаен фактор за ублажување на сиромаштијата и постигнувањето на безбедноста на храна како една од целите за одржлив развој на Обединетите Нации, што исто така е дел од заедничата декларација од овој состанок на министрите.

„Посветувајќи голема важност на механизмот за соработка „16+1“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија има одиграно многу активна улога, сметајќи од основањето на Здружение за унапредување на соработката во земјоделството меѓу земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина. Ве уверувам дека како Влада, ќе продолжиме да даваме контруктивен и вреден придонес за понатамошен развој на заеднички проекти и активности кои ќе ја унапредат трговијата со земјоделски производи и храна, истражувањето и развојот, размената на добри пракити за одржливо земјоделско производство и преработка на храна“, истакнал Николовски.

Тој посочил дека земјоделството игра важна улога во македонската економија, бидејќи тоа е третиот најголем сектор веднаш по услугите и индустријата.

„Владата на Република Македонија постави амбициозна агенда и ќе направи сериозни интервенции, за да се постигне квалитет на производите, стандардите на безбедност на храната и одржливото искористување на природните ресурси“, рекол Николовски, информираат од министерството.

Заменик-претседателот на Владата на Словенија и министер за земјоделство, Дејан Жидан, изразил голема благодарност до колегите од Централна и Источна Европа и од НР Кина, за нивната посветеност на процесот на унапредување на соработката во областа на земјоделството во рамки на платформата „16+1“.

Домаќин на 13-тиот „Форум за агро-трговија и економска соработка“ ќе биде Литванија.

Форумот годинава е во рамки на 55-тот издание на Саемот за храна и земјоделство „AGRA FAIR 2017“ што се одржува во Горња Радгона.

актуелно земјоделство Љупчо Николовски Централна и Источна Европа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.