Времето во Македонија ќе биде сончево и тивко. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Утринските температури ќе бидат од минус 16 до минус шест, а дневната температура ќе се движи меѓу нула и шест степени.
Во Скопје ќе биде сончево и тивко.
Температурата ќе достигне до три степени.
Извесно зголемување на облачноста ќе има во недела и понеделник и услови за провејување на слаб снег.
Ова зголемување на облачноста ќе услови покачување на утринските температури, а дневните ќе имаат тенденција на благ пораст.






