Неактивни систематизации, невнесени договори за вработување и неажурирани податоци за вработените во јавниот сектор утврдило Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) при поединечна проверка на сите 1302 институции што постојат во Македонија. Поради немање реални слика за вработените во јавниот сектор, МИОА до ДИК доставило податоци добиени со вкрстување на бази од повеќе институции.
Министерот Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција рече дека се соочиле со многу поголем проблем од она што го очекувале зашто при проверка е утврдено од она што го очекувале зашто при проверката е утврдено дека 197 институции воопшто не побарале од МИОА согласност за систематизација и за нив Министерството нема никакви податоци, а 150 институции иако имале одобрено систематизација од МИОА, тие не се активно односно никогаш немаат внесено податоци.
„МИОА нема Регистар што ги содржи информациите за сите вработени во јавната администрација. Иако за регистарот се одвоени 2 милиони евра за период од 5 години (2014-2018), тој не ја рефлектира реалната состојба со бројот на вработени. Поради овие недостатоци, МИОА до Државнаа изборна комисија вчера достави податоци за вработените во јавниот сектор што не се внесени во Регистерот на начин и постапка која е предвиденасо закон. Податоците се добиени како резултат на вкрстување бази на податоци од повеќе институции. Податоците доставени до ДИК се однесуваат на 115.729 вработени во јавниот сектор. Оваа бројка не е официјална и не ја претставува реалната слика“, истакна Манчевски.
Додаде дека поради тоа МИОД не можа да гарантира за целосна веродостојност на податоците, но сметаат, дека тие ќе одговараат на потребите на ДИК за спроведување на локалните избори.
Проблемот во Регистарот се рефлектира и на Годишниот извештај на вработени во јавниот сектор.
„И покрај тоа што со законот за вработени во јавниот сектор е предвидено извештајот да се подготвува врз база на податоци единствено од Регистерот, тоа во пракса не се спроведувало“, истакна Манчевски на прес-конференција во Владата







