Голем метален куфер бил оставен пред вратата на домот за деца во полскиот град Кросно во саботата наутро. Непознато лице потоа се јавило во локалната редакција и ја дала шифрата со која се отклучува катинарот со кој куферот бил осигуран.
По отворањето, во куферот биле пронајдени 100.000 полски злоти (околу 22.600 евра) и многу слатки, пренесува „Полсат Њус“.
„Ве молам, не плашете се. Пакетот е донација, ништо не е опасно“, пишувало на пораката оставена на куферот кој го донело непознато лице околу 7 часот наутро.
Воспитувачката го забележала мистериозниот посетител, но кога се обидела да разговара со него, тој се оддалечил од „местото на злосторството“.
Куферот бил обезбеден со синџир и катинар кој се отклучува со шифра, а и покрај пораката во која пишувало дека пакетот е донација, раководителот на домот повикал полиција за да утврди дали пакетот е безбеден.
Во исто време некој се јавил во редакцијата на „Кросно112.пл“ и ја дал шифрата 7777 за отклучување на катинарот.Новинарите не знаеле што се случило во домот за деца, но управата на домот им потврдила дека го добиле мистериозниот пакет.Еден од полицајците повикан на местото на настанот го отворил куферот и пронашол слатки заедно со 100.000 полски злоти.
Како што пренесува „Кросно.112“, не се знае кој е донаторот, а полицијата сега проверува дали парите се украдени и дека не потекнуваат од незаконски извори.
Парите сега се на сигурно, и доколку се утврди дека можат да ги потрошат – донацијата најверојатно ќе се искористат за потребната модернизација и реновирање на просториите.
На интернет почна да кружи теорија дека мистериозниот добротвор е 24-годишниот полски јутјубер Камил Лабуда, попознат како Буда, чиј канал има 1,29 милиони претплатници.
За тоа дека токму тој е инволвиран во акцијата за давањето помош покажува неговата фотографија на која во рацете држи регистарска табличка со броевите 777, а бројот 7 се наоѓа и во името на неговиот профил.
Дополнителен доказ е објавата на Твитер во која напиша: „Кутија со пари наполнета до врв“.
Познато е дека јутјуберот викендов престојувал во Подкарпачие каде што организирал акција во која на луѓето им плаќал за наточеното гориво. Ова предизвикало метеж, а градот извесно време бил делумно парализиран.







