Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на утрешната седница на Собранието, на која треба да се донесе законот за јазици, но лидерот на партијата бара разгледување на нивните амандмани и отворање на амандманска расправа.
Ова денеска од Струмица го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на опозициската партија за учеството на утрешната седница на Парламентот.
Мицкоски рече дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ апелираше за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Република Македонија.







