Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите
Македонија

Мицкоски: Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите

март 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изминатите неколку дена поминав речиси 1000 километри низ нашата татковина.

Разговори, средби со народот и можам да го кажам следното:
Ништо од тоа што ќе направи не може да биде чесно, ако на една власт и недостига правда. Чекањето на ветениот живот, заврши со неветена неправда која е секојдневие.

Неправдата сторена било каде и било кому е закана за правдата насекаде.

Каква и неправда да се случи некому, тоа влијае на сите нас заедно.

Правдата без слободата и моќта на народот е безмоќна, а моќта без правдата е тиранска. Волтер велеше успехот е секогаш дете на храброста.

Доаѓаат нови ветришта, а народот повеќе нема да дозволи да биде излажан. На власта би и порачал да се воздржи од плукање против ветрот бидејќи се во животот се менува, но и се враќа. Секоја неправда, секоја солза на старата мајка за своето чедо, остава трага. Секоја година затвор од оние 211 години робија, ќе тежи на нечистата совест на оваа неправедна власт. Секоја нова воздишка на младиот човек со надеж дека може да биде подобро е истата како и секоја друга во изминатите 28 години, но и тој исто како и сите ние знаеме дека ние самите сме носители на нашата судбина и ќе биде подобро само доколку се избориме за тоа. А тоа зависи од секој еден од нас.

Да си бидеме искрени едни со други и да си признаеме дека нема човек кој веќе верува дека оваа власт може да биде подобро или дека може за било што да си го одржат ветувањето. Тогаш нема што да се чека. Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, за измамата со чувствата на граѓаните. Време е да се покаже дека овде има достоинствен народ што не дозволува да биде потценет и излажан. Ова веќе е битка за нашето достоинство, нашата верба во вредностите и за тоа што сакаме да бидеме во иднина. Ова е битка за сонот кој го сонуваме откако знаеме за себе, за нашата татковина, за татковината за која мечтаеме, која ја сонуваме и за која вреди да се бориме.

Секоја генерација си има своја битка, оваа битка е нашата, можеби е најважната бидејќи во прашање е опстанокот на нашата земја и она што правиме сега ќе не следи во годините потоа. Да, од сите нас зависи победата која ќе ја донесеме, затоа да се избориме за правото, правната држава и владеењето на правото. Ова битка е околу победата, а победата е Македонија со секој еден нејзин човек. И нека се знае дека сето ова вреди, за нашите деца, за родителите, за роднините и пријателите, оние кои заминаа, но и оние кои останаа, за нашите предци кои не обврзаа, но и поколенијата кои не смееме да ги разочараме.

Да се обединиме, здружиме, соединиме за правда, правда за секого, правда за секој еден човек и успех каков што заслужува. Да го поразиме Заевизмот, за да ја спасиме Македонија!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

време казни лаги мицковски очекувања
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.