Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Едногласна беше одлуката за одложување на изборите, се бара правен основ
Политика

Мицкоски: Едногласна беше одлуката за одложување на изборите, се бара правен основ

март 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Едногласна беше одлуката на лидерите на политичките партии дека здравјето и безбедноста на граѓаните се пред се и оти е неопходно да се одложат претстојните параламментарни избори што беа закажани за 12 април“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него, останува да се најде правен начин како тие да се одложат без да се повредат Уставот и законите, а за тоа, рече, правни експерти попладне ќе се состанат со претседателот Стево Пендаровски и ќе дадат мислење.

Тој смета дека нема правен основ да се свика повторно Собранието и оти затоа треба да се бараат други начини.

„На средбата имаше неуставни предлози да се свика Собранието повикувајќи се на некои минати искуства, но од наша страна беше аргументирано дека тие искуства со ова што денеска е реалност во Македонија не може да се споредат. Ситуацијата и состојбата не се исти и не само тоа. Тогаш одлуката што ја носеше Собранието беше со одложено дејство и поради таа причина тогашниот Уставен суд донесе одлука бидејќи не познава Уставот одлука со одложено дејство, туку донесена или недонесена одлука и затоа Собранието мораше двапати да се враќа“, рече Мицкоски по лидерската средба што се одржа кај шефот на државата.

Тој додаде дека заради тоа ставот на партијата е дека по овој состанок е потребно експерти по уставо право да најдат правен фундамент за одлука која ќе овозможи одложување на предвремените парламентарни избори.

Во врска со начините за справување со ширењето на коронавирусот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата смета оти не е потребно во моментов да се прогласува вонредна состојба, особено, затоа што, како што рече, иако е предвидена во Устав нема закон кои институции како би функционирале.

Затоа, смета тој, треба да се размислува за 30 дневна кризна состојба на целата територија, а дури потоа експертите да дадат мислење и да се прогласи вовредна состојба, која во услови на распуштено собрание би ја донел претседателот Пендаровски.

За кризна состојба, вели има Закон за управување со кризи согласно кој можат да се одвиваат сите активности.

Мицкоски истакна дека како партија остануваат проактивни и ќе дадат придонес во справувањето со сотојбата на ширење на коронавирусот.

Треба рече тој да се размислува и за економски мерки кои колку толку ќе помогнат во санирање на штетите во економијата што ќе ги предизвика ширењето на коронавирусот.

 

актуелно избори мицкоски одлука
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.