Со крст, на кој пишуваше дека на денешен ден е погребана Република Македонија и молитва на свештеници од битолската епархија, во Битола почна протестниот марш на неколку илјади членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ од Македонија за како што беше речено, договорот за капитулација на Република Македонија.
Колоната, на чие чело беше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, тргна од пред спортската сала Младост и се движеше до плоштатот Гоце Делчев.
Откако потсети на деновите на формирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во своето обраќање пред присутните нагласи дека во тие денови кога се формира ВМРО-ДПМНЕ многу луѓе не веруваа во определбите на партијата, но многу современици веруваа во единствената идеја за суверена, независна и самостојна Република Македонија.
„Имало луѓе кои се организирале и бореле за единствената идеја. И покрај сите падови, кои не ги чинело само политички кариери, туку ги чинело многу поскапо, ги чинело нивните животи кои ги положиле со една цел и за една идеја, а таа идеја била Република Македонија“, истакна Кристијан Мицкоски.







