Во изминатите 10 месеци видовме како Македонија стагнира во сите области. Нема проекти, нема нови идеи, нема работа, ниту пак реформите кои самите ги ветуваа сега ги реализираат. Ништо не се работи, ниту создава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Во Република Македонија ништо не се работи затоа што има неспособност во секое поле.
„Неспособност да се зајакне економијата, неспособност да го унапредат земјоделието, да ги реформираат здравството и судството, да обезбедат поквалитетно образование, неспособност да ја придвижат Македонија кон Европската Унија.Таквото однесување претставува коцкање со иднината на сите граѓани, а Македонија не смее да си дозволи уште една загубена генерација, рече Мицкоски.
Посочи дека почнувајќи од денеска огромен дел од своето време ќе го посвети на теренски посети, во непосредна комуникација и разговори со граѓаните.
„Ќе бидам присутен во секој град, во селата, населбите, улиците, во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ да го чујам гласот на народот, да разговараме за иднината на државата, затоа што Македонија заслужува и мора подобро.
Салонската политика е едно, а вистинската слика лежи меѓу обичниот народ, помеѓу граѓаните, рече Мицкоски.







