Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Правдата ќе го казни заевизмот за сето она што го ветија, а не го направија и за се она штетно што испорачаа
Македонија

Мицкоски: Правдата ќе го казни заевизмот за сето она што го ветија, а не го направија и за се она штетно што испорачаа

април 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иако во изминатите месеци тивко се зборуваше, последниве денови се погласно се говори од страна на експонентите на власта дека, наместо да избираат граѓаните, можен е избор на претседател во Собранието на Република Македонија. Сакам да бидеме на јасно, ова е сценарио за суспендирање на волјата на граѓаните, поништување и укинување на правото граѓанинот директно, на непосредни избори да го избира својот претседател. Добро се знае кој го има мнозинството во Собранието, исто како што се знае и начинот до кој дојдоа до тоа мнозинство, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Додаде, да се поништува волјата на граѓаните и да се избира претседател наместо на избори, во Собрание, како што рече, не е баш европска Македонија, а уште помалку некакво одење напред.

„Кој е начинот да се избегне ова сценарио на кое сега јавно предупредувам? Да се излезе што помасовно во недела, во што поголем број и да се покаже дека народот е главен суверен во оваа земја и дека правдата ќе победи, правдата ќе го казни заевизмот за сето она што го ветија, а не го направија и за се она штетно што испорачаа. Сега е моментот кога треба да се биде гласен и да се преземе судбината во свои раце. Власта да не се дрзнува да ја попречува вољата на народот и да не
пристапува кон методите на фалсификат како што тоа го правеше за време на референдумот. Тоа овој пат нема да помине, рече Мицкоски.

На прашање во однос на обезбедувањето на цензусот, за можните калкулации што власта ги најави околу изборот на претседателот и дали се точни информациите дека имале средба со Али Ахмети и дека на таа средба му ветил излезност, Мицкоски посочи дека немале таква средба.

„Не сум имал таква средба и не сме разговарале на таа тема со господинот Али Ахмети. Но, доколку ја погледнете изјавата кој што ја даде претпоставувам се реферирате на изјавата од вчера дадена на Клик Плус на една телевизија, ќе видете дека оние портали и медиуми блиски до Заев Зоран и неговата група, комплетно ја извртија изјавата бидејќи изјавата реферира не на наша средба, туку на моите изјави дадени на митинзите и во јавноста и ако се преведе како што треба да се преведе, јасно кажува таму дека се повикува на тоа што јас го говорам во јавноста, а не на некаква наша средба, а ниту пак станува збор на некакво ветување, одговори Мицкоски.

Прашан до каде се преговорите за СЈО, Мицкоски го повика Зоран Заев, да ги поддржи нивните предлози и амандмани и во Собранието да го изгласаат Законот за јавното обвинителство.

„Нашите принципи за Законот за јавно обвинителство, не за СЈО, се познати на македонската јавност, тие принципи се преточени во предлог амандмани. Ајде нека ги поддржи конечно Зоран Заев нашите предлози, нашите амандмани да одиме во Собрание да го изгласаме законот за јавното обвинителство и да завршиме да ја тормозиме јавноста во Република Македонија со овој проблем, рече Мицкоски.

заевизам закони мицковски правда
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.